„Еко свест“:Побрз развој на енергетски проекти од обновливи извори во Македонија
— 31 мај, 2022
Eколошката организација „Еко свест“ во соработка со The Nature Conservancy (TNC) и заедно со МАНУ, на 26 мај во Скопје организирашe настан за презентирање на заклучоците и препораките од проектот за паметно енергетско планирање, односно проектот за идентификување на можностите кои ќе го забрзаат развојот на енергетските проекти од обновливи избори на енергија. „Еко свест“, заедно со TNC и Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), минатата година започнаа проект преку кој преземаат чекори за полесно надминување на овие предизвици со кои ќе помогнат да се исполни амбициозната енергетска стратегија како и ќе ги идентификуваат можностите кои ќе го забрзаат развојот на енергетски проекти од обновливи извори во Македонија. Искористувањето на енергијата на сонцето и ветерот, како обновливи извори, е поставено како амбициозна цел при креирањето на Националниот план за енергија и клима (NECP), но треба да се внимава во изнаоѓање на најдобрите локации за ваквите инвестиции, со цел да се спречи било каква штета врз локалните заедници и богатата биолошка разновидност на земјата, посочуваат од еколошката организација „Еко свест“.
„TNC“ ја поддржува оваа иницијатива како начин за развивање локални практики во паметно и инклузивно енергетско планирање. За да продолжи да се развива енергетската транзиција, потребен е спој на академската заедница, граѓанските здруженија, креаторите на политики, но и на локалните заедници кои треба да бидат вклучени. Задоволни сме од поддршката на Владата на РСМ за овој проект и се надеваме дека неговите резултати ќе бидат директно применети од државните институции за да ги исполнат зацртаните цели,“ истакна Игор Вејновиќ од TNC на завршната конференција од првиот дел на проектот на која учествуваше и министерот за животна средина Насер Нуредини.
Според Александар Дединец од МАНУ развојот на обновливите извори на енергија е тесно поврзан со преносните и дистрибутивните капацитети на мрежата и локациите каде ќе се градат и во процесот на планирање треба да се земат предвид бројни ограничувања.
„Во нашето истражување, посебно внимание се посветува на јаловината и рудниците, како потенцијални локации кои може да се обноват, а сега можат да се користат како основа за развој на обновливи извори на енергија“, потенцираше Дединец.
Друг аспект од проектот беше идентификување и вклучување на засегнатите страни. Беа спроведени јавни анкети и серија на фокус групи, при што беа прибирани мислења и ставови на релевантни групи, започнувајќи од владини институции на централно и локално ниво, енергетски компании, земјоделци, заштитари, граѓански здруженија и експерти кои работат на еколошки и социјални аспекти.
„Наодите од нашата анкета и фокус групите, покажаа дека граѓаните се многу загрижени од потенцијалното негативно влијание на енергетските проекти врз животната средина и локалните заедници. Токму затоа, енергетското планирање мора да биде инклузивен процес, во кој ниту едни потреби нема да бидат занемарени“, истакна Ана Чоловиќ Лешоска од Еко-свест.“
Преку овој процес беа развиени сет на препораки и принципи за паметно енергетско планирање, кои треба да бидат добра основа за забрзано и безбедно енергетско планирање кое ќе ја заштити нашата животна средина и нејзините ресурси. Резултатите на овој проект се доставени и до Владата и релевантните чинители, со цел тие да бидат интегрирани во процесот на енергетското планирање, и да бидат применети како принципи за одржлив енергетски развој на земјата.
Во рамките на „Кадар-на“ / Her Frame, на 29 октомври во Кино салата на Вардар филм во Скопје, со почеток во 14 часот, ќе се одржат проекции на регионални кратки филмови, дел од нив во режија на учеснички на програмата. После проекциите ќе се одржи Q&A сесија со авторките на филмовите. Филмовите кои ќе бидат…
Вечерва, на церемонија на свеченото затворање на 46.ИФФК „Браќа Манаки, во Центарот за култура во Битола, се прикажа филмот „Ди-џеј Ахмет“ на режисерот Ѓорѓи М. Унковски и кинематограферот Наум Доксовски, кој беше прифатен со овации од страна на публиката. Филмот бележи големи успеси на фестивалите ширум светот, прикажан е на 35 светски фестивали и добитник на дваесетина…
Филмот „Мајка“ на режисерката Теона Стругар- Митевска, инспириран од животот на Мајка Тереза, синоќа го отвори 46. ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола, во Центарот за култура, каде наредните шест дена ќе се одржуваат проекциите на главната програма на Фестивалот. Во седумтте дена, колку трае овој фестивал ќе бидат прикажани филмови поделени во категориите, долгометражни играни…
Битола го добива сјајот и почнува да пулсира и да живее наредните седум дена во знакот на 46. Интернационален филмски фестивал на камера, ИФФК, „Браќа Манаки“. Свеченото отворање е во 20 часот во Центарот за култура -Битола, со проекција на филмот „Мајка“ на режисерката Теона Стругар- Митевска. Директор на фотографија е Виржини Сен-Мартан од Белгија. Сценографијата е на Вук Митевски, прв асистент на режија…
Македонскиот филм „Силјан“ во режија на Тамара Котевска и во продукција на Конкордиа (Concordia) е годинашниот македонски кандидат за наградата „Оскар“ за Најдобар интернационален филм. Одлуката ја донесе Комисијата за избор при Друштвото на филмските работници на Македонија, прифатена и одобрена од Американската академија за подвижни слики, уметност и наука, во состав: Томи Салковски –…
Наградата за животно дело на годинашното 46. ИФФК „Браќа Манаки“ ќе ја добие иранско – францускиот кинематографер Дариус Конџи, додека наградата Златна камера 300, за специјален придонес во филмската уметност ќе ја прими американскиот режисер и кинематографер, добитник на Оскар во 2010 година за филмот „ Почеток “ во режија на Кристофер Нолан, Воли Фистер,…
Во Младинскиот културен центар, во галерија 2, вечерва во 19 часот, ќе се отворат две самостојни изложби на двајца уметници: Бојана Мандевска со изложбата насловена „Маските како лице на денешницата“ и „Моќ во боја“ на Филип Матевски. Изложбата на Бојана Мандевска претставува колекција од рачно изработени глинени маски, кои ја отсликуваат внатрешната приказна на авторката…
Со премиера на „Ангели во Америка“ од авторот Тони Кушнер, а во режија на Филип Петковски, утревечер, први септември со почрток во 20 часот, на големата сцена, че биде отворена претстојната сезона на Македонскиот народен театар. Во претставата играат, Јордан Симонов, Александар Сотименковски, Стефан Спасов, Илин Јовановски, Наталија Теодосиева, Тања Кочовска, Дамјан Цветановски и Нела…