Култура

ФУТУРИЗМОТ КАКО ВРЕМЕНСКА МЕТАБОЛИТИКА

  1. УВОД ИЛИ ВО ПРЕГРАТКАТА НА ДОЛГОТРАЈНИОТ МИГ

„Космичко лате“ е кореодрама која не вовлекува во едно многу симтоматично, но многу продуктивно промислување на она што не можеме да го пронајдеме во длабочините на времето, но можеби можеме да се вовлечеме во претпоставките или да си направиме самите на себеси ветувања што ќе ги исполниме низ својот имагинариум. Оваа претстава говори низ неколку перформативни јазици: воркшоп, предавање, но најмногу движење. Јазикот на изведбеноста носи силна возбуда, но и една димензија на општост во која се отвораат орашањата кои се горливи и во ова време: расизмот, нетолерантноста и деструкцијата. Интимистичките констелации на оваа мошне интересна претстава се водени од инспирацијата да се досегне по она што значи човекот после илјада години. Футуризмот се занимава со логични следства и претпоставки, но театарот ја има и таа моќ да коментира и да отвроа прашања, како и да испраќа пораки.

  1. КОРЕОГРАФИЈАТА И СИМБОЛИКАТА

„Космичко лате“ е претстава, кореодрама на Соња Линдфорд, финска уметница и кореографска со Камерунско потекло, уметничка раководителка на „УрбанАпа“, интердисциплинарна и антихегемонистичка заедница која нуди платформи за нови дискурси во феминистичката уметност. Нејзината кореграфија е своевидна калиграфија на светските тектоники изразена преку многу интересен конгломерат од движења. Таа симбиоза од корегорафирани изрази наведува на помисла дека расизмот и нетолеранстноста, класните разлики, загадувањето на околината стануваат нешто што веќе би требало да биде солвирано. Соња Линфорд низ симболиката на нејзината корегорафија и Западно-Африканската космологија влегува во еден свет во кој интимата е простор за овековечување на човековото постоење. Говорот на телото во оваа претстава е еден вид на симбиоза на минатото и иднината, нешто што сепак има свој репетиториум, но има и висока доза на надеж. Она што е мудро во оваа симболика е актерската присутност. Кореграфијата го има за свој јазик движењето на телото и гестот, додека театарот за свој јазик го има постоењето на актерот на сцената. Тој е единица мерка за времето во празниот простор на Питер Брук. Во претставата на Соња Линфорд, сите големи цивилизациски проблеми се минимизираат во актерскиот хабитус за низ неговата експресија да постанат совршено видливи и импатктни. Временскиот распон е траекторија низ која се движат сите опструкции на човекот како хомо сапиенс, како хомо фабер и како хомо луденс. Режискиот концепт на Соња Линфорд низ таа координата ја провлекува целата таа духовна еволуција за да покаже дека се она што значи репресија има своја застрашувачка цикличност која еднаш мора да запре и дека љубовта и разбирањето се место каде што човекот може најмногу да се чувствува свој.

  1. ПОСВЕТЕНОСТ И КОНСТРУКТИВНОСТ

Соња Линдберг е дел од актерската екипа која ја сочинуваат и: Deogracias Masomi, Ima Iduozee, Pauliina Sjöberg, Esete Sutinen. Нивната компактност е, се чини најважниот механизам во животот на оваа претстава. Она што значи нивно соживување со цвилизациските конфликсти низ движења е импозантно најмногу заради нивната цврстина во верувањето на својот ангажман, т.е. во внесувањето на нивниот духовен хабитус во претставата од почетокот до самиот крај. Кога зборуваме за духовната посветеност, имаме во предвид дека сите секвенци во оваа многу импресивна претстава се органични до последното движење. За успехот на претставите од ваков вид пресуден е ставот кој Соња Линфорд го изградил низ пласирањето на свијот концепт на уметниците со кои работи, а најмногу е пресудно рационалното актерско присуство кое се излачува како сублимат од значења грижливо распоредени низ временските дистанци. Сите актерки и актери минуваат низ временската патека на начин на кој одживуваат цел еден човечки живот што е од огромно значење најмногу заради хуманитарниот аспект на целиот проект. Животот во свет кој е далеку од нас цели илјада години низ експресијата на овие уметници значи пружање на раката кон копнежот сите конфликти, недоразбирања и суровости да останат во минатото и конечно да се затвори тој маѓепсан круг на бестијалноста.

4. ДИЗАЈНОТ КАКО ИСКЛУЧИТЕЛНО НЕОПХОДЕН ВИЗУЕЛЕН ИЗРАЗ

Оваа претстава се игра на празна сцена. Но, сцената на режисерката и актерка Соња Линфорд не е празна. „Космичко лате“ има извонредна игра на светлото кое ја потцртува динамиката на претставата, еден магичен конгломерат од светлосни симболи на Erno Aaltonen кои стануваат релевантен дел од претставата како и актерите, визуелен јазик чии зборови се многу транспарентни и оставаат силен впечаток. Сиен впеачток остава и костимографијата на Sanna Levo and Pauliina Sjöberg која се движи од историски и митолошки констелации, па се до дистописки елементи, но со назнака дека нејзината колоритност зборува за една многу ваѓна нишка во целиот проект и целиот концепт: мултикултуалноста. Генерално, визуелниот аспект на оваа кореодрама ја одразува нејзината феноменолошка вредност и заедно со актерската игра ја пренесува онаа силна порака која е од голема важност, а тоа е пораката за меѓусебно разбирање и љубов. Секако, тука е звучниот дизајн на Jussi Matikainen чиј ритам е ритамот на театарската аргументација и како релевантен елемент на целиот проект придонесува оваа претстава да ја доживееме и како манифест за човековата љубов и толерантност.

5. ЗНАЧЕНСКИТЕ МОМЕНТИ

„Космичко лате“ е претстава за иднината. Но, таа е и претстава за минатото како начин на промислување на иднината. Овде не можеме да зборуваме за дистопија затоа што во оваа кореодрама има многу надеж, многу љубов и многу посветеност. Оваапретстава во исто време отвора и низа прашања круцијални за нашите животи, за нашите мисли и за она што ние евентиално би го оставиле зад нас.

Каде се нашите наследници?

Дали ние ќе го оставиме нашиот добар дух после нас?

Колку сме ние еден и колку е тој еден сите ние?

Зошто цивилизациските конфликти воопшто се случиле?

Каде е клучот на мирот и разбирањето?

И многу други. „Космичко лате“ зборува за човекот кој трагајќи по самиот себе заборавил дека она што најмногу го тропи е – времето. Затоа се што се случува во оваа претстава се случува после 1000 години, а актерите ни кажуваат дека колку и да е тоа далеку од нас, сепак е многу блиску. Блиску како што се блиски опструкциите што потекнале од нас и заврпиле повторно во нас.

Соња Линфорд и уметниците направиле претстава со митски и артистични моменти кои не се забораваат.

есет и први век, роман кој зборува за есенцијалните човекови недоумици, роман чија крајна цел не е да се разбере, туку да се префолрмулира во личното поимање на светот, роман од кој понекогаш можеби и ќе се уплашиме затоа што сакале или не, тој открива и некои наши подземи мисловни лукавства, роман на кој без остаток мораме да се навратиме затоа што и неговото читање е дел од времето што ќе го потрошиме …  Она што бескрајно импонира во прочитот на овој епохален роман е т.н. „Синдром на неприпаѓање“ каде Господинов рецитирајќи го Гаустин вели дека: „Ниедно време не ти припаѓа, ниту едно место не е твое.“

Личното чувство на авторот на овие редови е дека „Засолниште на времето“ е роман чија последна страница е и прва и дека ова е роман без крај и без почеток, една феноменолошка цикличност која не наведува да помислиме дека времето можеби може да се одвои од нас, но не и ние од него. Книжевноста е лага во кога сакаме да живееме и затоа многу еуфемистично ја нарекуваме „фикција“, додека времето е флуктуална категорија која и колоквијално и литерарно ја преименуваме во „судбина“. Нашите влогови во сето тоа се незнатни, затоа што искуството не раѓа и не погребува. Токму затоа констатацијата дека местото не е наше и дека секое преминување на друго место не значи дека си на вистинското.

Рецензија на Сашо Огненовски

Tagged with:

Автор:

Слични статии