Во организација на Лекторатот по македонски јазик во Будимпешта, вчера на Институтот по славистика и балтичка филологија при универзитетот ЕЛТЕ во Будимпешта се одржа настанот „Вина од Македонија – вовед во македонската винска култура и традиции“ на којшто се одржа предавање и дегустација на македонски вина. Настанот беше организиран во соработка со Здружението „Вина од Македонија“ од Скопје, а за македонските вински региони и вина зборуваше докторантката Георгина Једиковска.
Настанот „Вина од Македонија – вовед во македонската винска култура и традиции“ претставува прв од серијата настани предвидени во манифестацијата „Денови на македонска култура во Будимпешта 2022“.
Лекторатот по македонски јазик во Будимпешта во последните неколку години бележи огромен интерес за изучување на македонскиот јазик, бројката на студенти се движи меѓу 35-40 студенти на семестар.
На почетокот на своето предавање Једиковска ја претстави Северна Македонија и нејзината винска историја од антиката, па сѐ до денес. Зборуваше за винските региони и нивните специфични карактеристики, автохтоните вински сорти од Македонија и за сортите кои се најзастапени денес. Најмногу внимание од нејзиното излагање предизвика делот во којшто зборуваше за винскиот бон-тон, односно како да се стане професионален дегустатор на вино. По нејзиното предавање присутните имаа можност да пробаат Вранец, special selection од Тиквеш, Темјаника и Ркацители од винаријата „Стоби“. На настанот присуствуваа околу 50-тина гости, кои со себе понесоа одлични импресии од предавањето и вината што можеа да ги дегустираат.
М-р Георгина Једиковска има завршено додипломски студии по лозарство и винарство на Факултет за Земјоделски науки и храна при УКИМ, завршила постдипломски студии по хортикултурно инженерство со специјализација по лозарство и винарство при Универзитетот Сент Иштван, Будимпешта, а во моментов е на докторски студии на докторската школа за хортикултурни науки при катедрата за лозарство и винарство на MATE, Будимпешта (Hungarian University of Agriculture and Life Sciences).
Лекторатот по македонски јазик во Будимпешта константно организира настани за промовирање на македонската култура во Унгарија. Од 2019 година ја организира манифестацијата „Денови на македонска култура во Будимпешта“ на коja успешно ја презентира македонската култура преку промоции на книги, концерти, изложби, филмски вечери итн.
Лекторот Златко Панзов е отворен за соработка со студентите од Македонија, кои своите студии ги продолжуваат во Унгарија и им овозможува поддршка во реализација на нивните идеи.
Полскиот кинематографер освои Лукаш Жал ја освои Златната Камера 300 за неговата спектакуларна камера која ја следи приказната во филмот „Татковина“ на Павел Павликовски, на 47. Фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола. На свеченото затворање на фестиваот, Жал преку видеопорака изрази жалење што поради работа на друг проект не е во можност да…
Со доделувањето на наградите Камера 300 во сите селекции вечерва свечено ќе биде затворено 47. ИФФК „Браќа Манаки“, а дебитантското остварување на режисерот Срѓан Јаниќијевиќ ќе ја има својата македонска премиера на затворањето на фестивалот вечерва во Битола. Нема да ви се верува што се случи претходно“ е политички трилер со елементи на црна комедија,…
Од 14-18 октомври, на неколку локации низ Скопје, во рамки на програмата, на 11.ИФФ Киненова ќе бидат претставени близу 40 филмски наслови поделени во 7 програмски целини. Со својот автентичен и единствен фестивалски формат, Киненова ги надминува границите што означуваат територии и континенти и останува посветена на промоција на уникатниот и свеж авторски израз, трагајќи…
На годинешното 47 издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера, „Браќа Манаки“, ќе се одржи од 19 до 25 септември во Битола, премиерно ќе бидат прикажани два домашни филма, едниот на отворањето и вториот на затворањето на фестивалот. Филмот СКЕЈТАЊЕТО НЕ Е ЗА ДЕВОЈЧИЊА на режисерката Дина Дума и кинематограферот Фредерик Нуаром ќе биде прикажан…
Долгометражниот игран филм „17″, во режија на Косара Митиќ и во продукција на „Црна Мачка Продукција”, е избран за македонски кандидат за наградата Оскар, во категоријата најдобар меѓународен долгометражен филм. Одлуката ја донесе Комисијата за избор на национален кандидат за Оскар при Друштвото на филмските работници на Македонија, чиј состав е прифатен и одобрен од…
Оваа година КРИК – фестивал за критичка култура ќе биде домаќин на најзначајниот, напровокативниот и актуелен филозоф на 21 век, Мартин Хеглунд. На 29 јуни во понеделник, во 20:00 часот, во Музеј на современа уметност, овој познат филозоф ќе одржи предавање со наслов: „Овој живот – критика и еманципација“, кое се заснова на неговите тези…
Во организација на Министерството за култура и туризам, вчера, во Музејот на македонската борба за самостојност се одржа јавна расправа по Предлог-текстот на Националната стратегија за развој на културата за периодот 2026–2030 година, на која министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, ја истакна важноста на културата како двигател на општествениот, економскиот и демократскиот развој…
Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Катедрата за графика и трансмедиумски практики и Фондацијата „Драгутин Аврамовски-Гуте“, во Сули Ан во 19:30 часот, по 39 пат ја организираат изложбата СТУДЕНТСКА ГРАФИКА – ДРАГУТИН АВРАМОВСКИ – ГУТЕ. На отворањето на изложбата ќе биде доделена наградата за најуспешно графичко дело реализирано во…