Милош Коџоман:Целиот мој творечки пат го следи бура
— 8 март, 2022
Во Културно информативниот центар е отворена изложбата на Милош Коџоман, со наслов „Македонија во мислите“. Авторот се претставува со 25 дела работени во маслена техника, претежно голем формат, создадени во последните седум години.
Осмислувајќи го уводниот дел на овој разговор и, со желба во неколку реченици да го претставам Милош Коџоман преку неговата последна изложба, се сетив на познатиот историчар на уметност со светски гла, Ласло Беке од Будимпешта, кој објаснувајќи го принципот на современост во ликовната уметност, во интевјуто за Утрински, како да го објасни и најновото претставување на овој автор. Имено, тој вели: „Ако сте добар уметник, талентиран и со авангарден дух и најстарата работа можете може да ја земете и да ја направите нова. Треба човек да има нов ум, револуционерен, па и најстарата техника ќе стане најрадикална и многу модерна. Токму тоа ии го прави Милош Коџоман во неговите најнови дела. Тој се свртува кон традицијата, земајќи ги етно обележјата и, од една навидум „стара“ тема прави, како што вели, еден современ европски аранѓман. Притоа темата успешно ја врзува со својот стил, користејќи ги елементите на експресионизмот, распоредувајќи ги во една заокружена форма на изразување, а сето тоа е искажано со интензивните живи бои. Насликаните ликови ја носат драматуршката компонента, а, ликовите се со јасно обележани црти.
„Неговите сликарски теми, без оглед на нивната драматуршка структураструктура, се предадени со јасна артикулираност на идеата освојувајќи подеднакво… Најновиот циклус слики, со сите овие елементи, претставува своевиден придонес во доменот на ликовното претставување. Авторот им пркоси, на свој начин, на определените норми и сфаќања за творечката еволуција на еден уметник“ (Владимир Величковски). Милош Коџоман е роден во 1952 година. Дипломирал во 1974 година на Педагошката Академија во Скопје, 1977 година ја добива наградата за најдобар студент, по повод 30 години постоење ан Академијата. Како ја гледате Македонија во вашите мисли?
Како ја гледате Македонија во Вашите мисли?
Како сликар, длабоко сум убеден дека треба да се остави простор за гледачот самиот да извлече некои сознанија од насловената тема, која на прв поглед можеби збунува, меѓутоа во себе содржи повеќе значења/ Секој набљудувач треба да пронајде нешто и да заземе свој став, а сметам дека сликите се толку описни и сликовити. Постои еден сценски пристап во ликовната претстава, каде што гледачот без разлика на неговото ликовно искуство може да ги доживее. Основната поента е што во самата тема има разни тематски определби, претежно се тоа алегорискии митски сцени од нашето поднебје и традиција, кои еквибилираат од еден драматизам до, ако го земеме во друга спротивставеност на драматизмот, еден специфичен пристап на романтизам или потрага по изгубеното време, кое на овие простори е во едно отуѓување со самата глобализација или индустријализација. Тоа се класично етно мотиви кои се емотивно врзани, сосема прикажана во еден нов ликовен аранжман. Во таа смисла може да се сфати како моја лична потрага по нашето етно кое р за мерне неисцрпно поле за истражување. Морам да признам дека појдовната инспирација за оваа тема ми беа нашите еминентни рок и поп музичари кои отидоа два чекора понапред од ликовните уметници кои на многу добар и современ начин го популаризираа нашето богато битие на овој народ.
Што се однесува до мислите тоа не би требало да се сфати конотативно во смисла на автохтона проблематика или да се врзе за одредена политичка сцена. Тоа е минорно во светот на уметникот. Уметникот секогаш оди неколку чекори понапред.
Колку и во што оваа изложба претставува надоврзување кон вашето претходно творештво?
Стилот е присутен, тој мој начин на интерпретација на човечката фигура, мојата стилистика, тоа е евидентно дека е тоа генеза, но сепак има една нова естетика, наспроти старата, порано во моето сликарство ја имаше грдата естетика, како што беше циклусот „Дрога“. Етното за мене е еден вид персонификација на една убавина и природно е што сликите попримаат сосема друг призвук, а самите бои се живи, пастелни, фигурите не се искарикирани на начин на кој порано работев, сепак, постои таа стилистика можеби некаде е и алегорија, или како што вели Величковски, дека се тоа алегориски сцени, карикатурални, меѓутоа тоа е кажано во позитивна конотација на еден шармантен начин.
Како се роди идејата да се зафатите со оваа тема којашто суштински се разликува од вашите претходни серии?
Веројатно во зрелите години се јавува некоја совест повеќе. Сметав дека и убеден сум дека ова сега што го работев ќе биде најзрело што можам да го оставам на мојата земја. Едно е стилот како тоа ликовно е претставено. Тоа може да биде помалку или повеќе успешно меѓутоа не може да се изостави дека темата е наша македонска и директно го тангира овој човек во смисла на културолошки акцент па и еден вид на глорификација на еден вид враќање. Да се употребуваат етно симболи е голема одговорност, бидејќи, нашите етно белези се влезени во светската номенклатура на естетиката. Тоа е опасна игра за авторот, пред се, како тоа стилистички е претставено, да извлечам од етното тоа што ми е потребно, за да ја врзам темата со мојот стил, а сепак да не го навредам она што е свето. Тоа е храброста, јас се ставам на сцената, па кој сака нека повели. Веројатно ќе има луѓе кои еритизмот во моите слики ќе го сфатат погрешно, во смисла на некое дрзнување во некое табу. За мене македонската жена е пред се жена и на слео и во град. Вашето творештво, вели Владимир Георгиевски во текстот во каталогот, ќе влијае на ослободување на идниоте генерации и на отворање кон нови форми на изразување. Како го разбирате ова?
Како еден вид давање пример од еден познат авангардист Милош Коџоман кој беше и се уште е. Можеби наизглед самата обработка на етно темите го наведува гледачот дека јас сум навлегол во класика, што воопшто не е точно. И во овој, да кажеме етно ликовен аранжман е присутна авангардата и тој Милошевизам, така да веројатно сакаше да каже дека со една неофигурација и здрав ликовен постулат, каде реализмот е поставен на здрава основа, тој магичен реализам е чекор понапред и е еден вид добра провокаија и пример за млаите атори поветт повќе внимание на таа клаична школа, во мила на потавување на фигурите во просторот. Денеска има многу трендовки случувања кои без одредено размислување, директно се пренесуваат од Запад, а нашите автори ги прифаќаат без да размислат за своите корени или да се свртат кон нашето минато. Од нашето битие може да е направи еден современ европски аранжман без разлика што чќе носи одредени симболи или белези, дотолку подобро би било ние нешто да извеземе а не само тие да ни држат предавање како треба и штѕо треба. Еден ден сигурно ќе се преиспитаат дали се на вистинскиот пат а тоа верувајте се случува кај сите креатори. Да се свртиме кон нашето минаро, кон нашата стара школа.
Вашето творештво не било секогаш прифатено во нашата средина. Дали ве загрижува неизвесноста за тоа како сега ќе бидете прифатени?
Јас сум „опериран“ уште од дете од такви работи. Ако се размислува што би било кога би било тогаш воопшто не треба фда тргате по тој пат. Уште на самиот почеток ми беше јасно дека треба да се настапи директно и искрено. Уметничкиот пат е таков. Самиот пат на уметникот е тој да биде искрен, директен и свој, без разлика на последиците. Дури и да има бура тоа е добро и позитивно. Целиот мој творечки пат го прати бура. Моите изложби биле и цензурирани и затварани. Меѓутоа, временската дистанца кажува дека сум бил чекор или повеќе понапред од другите.
Тоа ви се случи со изложбата „Дрога“ во 1973 година. Зошто не бевте сфатени тогаш?
Изложбата беше затворена. Во тој систем немаше јавна цензура, но тоа одеше инкогнито. Тогаш настојуваа, одредени фактѕори, да ме корегираат во темата. На информативни разговори ме прашуваа како јас како млад човек сум се инспирирал од едно зло кое не е својствено за социјалистичкото општество. Што повеќе ме „убедуваа“ тоа предизвикуваше обратен ефект кај мене. Тоа беше една мерка на воспитување. Со истата изложба се претставив во Белград. каде излегов во многу весници а таа изложба заврши во најпознатата куќа „Друо“ во Париз што е најголема чест за мене. Наместо цензурата, изложбата требаше на голема врата да се промовира, за да може младината да ја види. Бидејќи сликата има поголема моќ, таа побрзо се перципира, за еколку делови од секунда, за разлика од пишаниот текст. Верувам дека ако изложбата беше третирана како треба, дека денеска би имало помалку наркомани. Ова не е воопшто претенциозно кажано. На пример, моите деца се се уште мали но тие толку се плашат од тие слики што верувам дека никогаш не би ни помислиле да земат нешто од наркотичките средства.
Што значи да си син на веќе признат мајстор. Дали тоа носи предности или пак одредена тежина?
Да си син на гоем мајстор е убаво, меѓутоа, сепак, тоа е уште поубаво кога би биле во држава со милиони луѓе. Се чувствува заситеност со самиот поим или институција Вангел Коџоман. На релативно мал простор се јавува уште една личност со сопствен печат. Не само јас, туку имаме и многу вредни автори, а се е собрано на еден мал простор од два милиона народ и не потценувајќи ги останатите места во земјата сето тоа е сконцентрирано во Скопје. И тука доаѓа до антагонизам или еде вид самоуништување и на самодокажување. Јас сум потполно друг автор со друга стилистика, што е многу важно. За да се ставам на рамна нога како етаблиран автор со 30 години творештво, мене ми беше тешко. А тоа е се поради тој мал простор кајшто се случувањата. И не само јас туку и други автори бараат место под сонцето. Поинаку е во држава со 60 милиони жители. Но гледајќи од оваа временска дистанца на ова поднебје ќе му биде чест што има две, а моеби и три генерации на уметници од фамилијата Коџоман. кога го прашав Клод Робер, еден од најпознатите експерти за дваесеттиот век, зошто јас сум избран меѓу останатите мои колеги, тој ми одоговри дека мојот стил н може да го пронајде во лексиката. А тоа значи дека е особено значајно што ликовите и стилот, лексикографски, не постојат на светските простори.
Во вашиот творечки пат, стои еден период кога се занимававте со друга уметност и кога ја формиравте мануфактурната работилница „Палета“ за изработка на кукли. Зошто вашата творечка енергија ја насочивте во поинаков правец?
Креирањето на кукли претставува врв во дизајнерството, односно во уметноста воопшто и јас сум многу горд на таа моја творечка фаза. Бев заморен од негативните консеквенции што следеа од моите авангардни пристапи во уметноста и бев принуден, на некој начин, да најдам друг медиум н а изразување. Куклите беа карактерни ликови на разни луѓе од различни професии и овие кукли имаа голем успех во поранешната Југославија. Со избувнување на војните се растури и пазарот. Јас се гордеам со таа моја фаза. Тогаш вработував 18 луѓе. Имав две работилници а едната беше заедничка со Ангел Димовски.
Дали посакувте, гледајќи ги поранешните ваши дела, да изените нешто на нив, или пак тие се завршерна приказна? Тоа се доста динамични и заокружени теми. Едно досие од 25 години е доста дебело. Природно е кога сте исцрпени и уморни да дледат неколку години на одредена акумулација и размислување за нешто свежо и ново. Со последната изџложба мислам дека со етно темите во нов аранжман имам сатисфакција. Се фатив во костец со нова тема која е спротивна од поранешните.
Интервјуто е објавено во „Утрински весник“ на 28 ноември 2000 година
Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ го распиша конкурсот за наградата „Роман на годината“ за 2024 година, кој ќе трае од 15 декември до 15 јануари 2025 година. Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ го распиша годинашниот конкурс за наградата „Роман на годината“ за 2024 година, кој…
„На окрутноста на животот потребна му е благоста во погледот“, е превод на оригиналното издание „Окрутности живота потребна је благост погледа“, книга од соседството, од авторот Дејан Петровиќ, кој живее во Нови Сад, Србија. Тој зад себе, во неколку децениското пишување, остварил многубројни средби и направил интервјуа со значајни режисери, писатели, со луѓе од уметноста….
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, во просториите на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Охрид се обрати на прес-конференција по повод најновите археолошки откритија во Охридско-струшкиот Регион. Станува збор за вредни наоди, околку 80, откриени на локалитет во Охридско-струшкиот регион, односно на некропола од архајскиот период, 6 век…
Ново издание на „Збирка ноти – Камерна музика од Љубомир Бранѓолица Vol. I“. Новото електронско издание на „Збирка ноти – Камерна музика од Љубомир Бранѓолица Vol. I“. претставува избор на дела од богатиот опус на македонскиот композитор со хрватско потекло, Љубомир Бранѓолица. На повеќе од 40-тина страници се сместени шест нотографирани дела, избор од богатиот…
На манифестацијата „Годишни награди за режисерите“, која се одржа во Нови Сад, на истакнатиот македонски режисер Столе Попов му беше врачена наградата „Живојин Жика Павловиќ“ за промоција на балканската кинематографија во светот. Наградата му ја врачи легендарниот актер Предраг Мики Манојловиќ, откако воведно обраќање имаше Ненад Павловиќ, и самиот режисер по професија и син на…
Во Домот на културата „Билјана Беличанец“ синоќа, на последната фестивалска вечер, во преполната сала во присуство на бројни филмски работници, уметници, актери, режисери, претставници на политичкиот и културниот живот на земјава и претставници на дипломатскиот кор беа доделени наградите на 9. издание на МФФ Киненова. „Гран при“ доби филмот „Жена-убиец“ на грчката режисерка Ева Натена,…
Австрискиот режисер Улрих Зајдл е годинешен добитник на Наградата за животно дело на Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“. -Со нас денеска е еден од најинтересните филмски автори, сценарист, режисер и продуцент, Улрих Зајдл од Австрија. Режисерот кој уште пред да го побуди вниманието во 2001 година со „Тегобни денови“, го побуди вниманието и пред тоа на…
МФФ „Киненова“ ќе се одржи по деветти пат од 15 до 20 октомври, со македонскиот долгометражен анимиран филм на Гоце Цветановски „Јон Вардар против Галаксијата“. -На мое големо задоволство Тематски би ја започнал истата претставувајќи го овогодинешниот фестивалски слоган: Што е прво? Филмот или приказната? Огромна благодарност за целиот визуелен идентитет на овогодинешното издание на…