Култура

Објавени номинациите за 94 издание на „Оскарите“

Вестерн драмата, „Моќта на кучето“ води меѓу номинираните филмови со 12 номинации за наградата „Оскар“. Следниот филм, втор според бројот на номинациите е „Дина“ кој има 10 номинации, и филмовите „Белфаст“ и „Приказна од западната страна“ добија по седум номинции. .

Во групата за најдобар филм се „Белфаст“, „Не гледај горе“, „КОДА“, „Вози го мојот автомобил“, „Дина“, „Кралот Ричард“, „Ликорис пица“, „Алеја на кошмари“, „Моќта на кучето“ и „Приказна од западната страна“.

Џејн Кемпион („Моќта на кучето“) стана првата жена која двапати била номинирана за најдобра режија, а ривали ќе ѝ бидат Стивен Спилберг („Приказна од западната страна“), Кенет Брана („Белфаст“), Пол Томас Андерсон („Ликорис пица“) и Рјусуке Хамагучи („Вози го мојот автомобил“).

За најдобра машка споредна улога номинирани се Киерен Хајндс („Белфаст“), Џеј Кеј Симондс („Да се биде Рикардо“), Џеси Племонс („Моќта на кучето“), Коди Смит-Мекфи („Моќта на кучето“) и Трој Котсур („КОДА“), а во женска конкуренција Аријана Дебоуз („Приказна од западната страна“), Џеси Бакли („Изгубената ќерка“), Џуди Денч („Белфаст“), Кирстен Данст („Моќта на кучето“) и Анџену Елис („Кралот Ричард“)

Џесика Честејн („Очите на Тами Феј“), Кристен Стјуарт („Спенсер“), Никол Кидман („Да се биде Рикардо“), Оливија Колман („Изгубената ќерка“) и Пенелопе Круз („Паралелни мајки“) ќе се борат за оскарот за најдобра актерка, а кај мажите тоа се Хавиер Бардем („Да се биде Рикардо“), Бенедикт Камбербач („Моќта на кучето“), Вил Смит („Кралот Ричард“), Дензел Вашингтон („Трагедијата на Макбет“) и Ендрју Гарфилд („Тик, тик… бум!“).

Јапонскиот „Вози го мојот автомобил“ е номиниран и за најдобар странски филм, покрај „Лунана: Јак во училницата“ (Бутан), „Болва“ (Данска), „Божја рака“ (Италија) и „Најлошата личност на светот“ (Норвешка). Церемонијата на доделувањето е на 27 март

Најдобар филм

„Белфаст“
„КОДА“
„Не гледај нагоре“
„Вози го мојот автомобил“
„Дина“
„Кралот Ричард“
„Ликориш пица“
„Алејата на кошмарот“
„Моќта на кучето“
„Приказна од западната страна“

Најдобра актерка во споредна улога

Џеси Бакли, „Изгубената ќерка“
Аријана ДеБозе, „Приказна од западната страна“
Џуди Денч, „Белфаст“
Кирстен Данст, „Моќта на кучето“
Онџану Елис, „Кралот Ричард“

Најдобар актер во споредна улога

Киран Хајндс, „Белфаст“
Трој Котсур, „КОДА“
Џеси Племонс, „Моќта на кучето“
Џ.К.Симонс, „Да се биде Рикардо“
Коди Смит-Мекфи, „Моќта на кучето“

Најдобар странски филм

„Вози го мојот автомобил“
„Бегство“
„Божјата рака“
„Лунана: Јак во училницата“
„Најлошата личност на светот“

Најдобар анимиран филм

„Енканто“
„Бегство“
„Лука“
„Мишел наспроти машините“
„Раја и последниот змеј“

Најдобра песна

„Be alive“ од „Кралот Ричард“
„Dos Oruguitas oд “„Енканто“
„Down to joy“ од „Белфаст“
„No Time To Die“ од „Нема време за умирање“
„Somehow You Do“ од „Четири добри денови“

Најдобар анимиран филм

„Енканто“
„Бегство“
„Лука“
„Мишел наспроти машините“
„Раја и последниот змеј“

Најдобро адаптирано сценарио

„КОДА“
„Вози го мојот автомобил“
„Дина“
„Изгубената ќерка“
„Моќта на кучето“

Најдобро оригинално сценарио

„Белфаст“
„Не гледај нагоре“
„Кралот Ричард“
„Ликориш пица“

Најдобар актер во главна улога

Хавиер Бардем, „Да се биде Рикардо“
Бенедикт Камбербач, „Моќта на кучето“
Ендрју Гарфилд, „Тик, тик…бум!“
Вил Смит, „Кралот Ричард“
Дензел Вашингтон, „Трагедијата на Магбет“

Најдобра актерка во главна улога

Џесика Честејн, „Очите на Тами Феј“
Оливија Колман, „Изгубената ќерка“
Пенелоп Круз, „Паралелни мајки“
Никол Кидман, „Да се биде Рикардо“
Кристен Стујарт, „Спенсер“

Најдобар режисер

Кенет Брана, „Белфаст“
Рјусуке Хамагучи, „Вози го мојот автомобил“
Пол Томас Андерсон, „Ликориш пица“
Џејн Кемпион, „Моќта на кучето“
Стивен Спилберг, „Приказна од западната страна“

Целата листа можете да ја погледнете ТУКА.

Слични статии