(Кон претставата „Нова раса“ по текст и во режија на Матјаж Зупанчич во продукција на Словенечкиот Народен Театар од Љубљана. Гл. улоги: Бојан Емершич, Јуриј Зрнец, Саша Табакович, Барбара Церар, Алеш Валич)
Нацизмот е движење кое човечката цивилизација прави огромни напори да го фрли во историскиот заборав и да го третира со една естетска и морална дистанца само како збир на факти кои предупредуваат, но не инспирираат. Матјаж Зупанчич, еден од најгласовитите и најталентираните словенечки драмски автори во својот текст „Нова раса“ низ еден ригидно-сатиричен начин проговорува за застрашувачките инспирации на т.н. „дегенерирана уметност“ која стои како облак над сите преиспитувања на човековата припадност. Во овој текст тој се вовлекува во потеклото на таа „дегенерирана уметност“ фрлајќи ново светло на новиот Франкенштајновски обид да се создаде супериорна раса. Радикализмот во неговата пиеса ја следи и фактографијата, но ја следи и апсурдноста на ужасните обиди на Виктор Карлштајн и неговиот другар од младоста Адолф Хитлер од ариевско месо да направат супрериорна раса.
Зупанчич како автор низ оваа црна сатира некако подземно го поставува прашањето: Супермен или натчовек? Овде, а и гледајќи на оваа одлична претстава ми се наметна еден цитат од моралистичката сатира на Бернард Шо „Човек и надчовек“ кој гласи: „Разумниот човек се прилагодува на светот: неразумниот упорно се обидува да го прилагоди светот на себе. Затоа, целиот напредок зависи од неразумниот човек“. Авторот и режисер на оваа претстава го спротивставува системот на неразумниот на хуманизмот кој е нерасклинлив дел од оној, првиот – суперменот. Новата раса во оваа сатирична драма е новиот поредок чија утописка варијанта се граничи со фантастика, а стратегијата е погубна затоа што подразбира истребување на огромен дел од човечката популација. Суперменот е друга категорија и ликовите на оваа пиеса не подразбираат жртва за нов светски поредок, туку подразбираат нов поредок чии жртви се неминовни. Драматургијата на „Нова раса“ се движи по работ на утопијата балансирајќи меѓу извитоперената интима и крволочноста. Кога сме веќе кај крволочноста, имаме во предвид дека војните во човечката цивилизација се потреба да се пролее нечија крв за да се остварат глобалните освојувачки визии. Тука се движат каноните на Втората светска војна и политичките стратегии на нацистичката Германија. Но, каде е грешката во дегенерирањето во културните констелации кои се на некој начин одраз на глобалните стратегии од формат на Кристалната ноќ? Токму сатиричната глазура на пиесата на Матјаж Зупанчич не упатува кон некои од можните одговори: лошата проценка, заглавувањето во иделошката настраност и страст или остварувањето на својата визија за лидерство? Вкусот на сатирата на Чаплин во „Големиот диктатор“ е атмосферата која ја има и оваа пиеса, а која ја наметнува и самиот автор чија режија многу не се одвојува од текстуалната предлошка.
Двата ликови кај Чаплин се и двата ликови на другарите од детство кај Зупанчич, но во едни други рамки и опкружувања. Имено, и двата Хитлери – оној нереазлизраниот кој мора да сече и да пресекува и спојува човечки екстремитети и оној кого историјата го памети, макар и по лошо. Во оваа претстава, а секако и во текстот режисерот намерно ја избледува хуманистичката нитка која ја има кај Чаплин отсликувајќи ја неуспешната сенка на фирерот кој гледајќи се себеси во хаосот ја гледа и својата грандиозна излуденост. Претставата обилува со прекрасни актерски партии, пред се на сјајниот Бојан Емершич, чиј лик на Виктор Карлштајн, несудениот конструктор на „новата раса“ е жртва на една младешка посветеност која ете, станала стварност, но не за долго. Овој извонреден актер овј лик го толкува со исклучително висока емотивност и посветеност извлекувајќи ја од ликот целата таа страственост на која на мигови и додава патетичност што прави овој лик да изгледа благо искарикиран. Неговата огромна желба се граничи со френетичност која во изведната на овој прекрасен актер станува актерска координата на целата претстава. Тука, секако би ја издвоил и Барбара Церар која толкува три женски лика: Каролина, Хелга и Хајди од кои двете се жртви на Виктор и би рекол дека ова е една многу интересна режисерска интервенција која на некој начин алудира на една унифицираност (особено кај женските ликови) совршено апликативна на новиот човек што, секако подразбира и „нова жена“. Барбара Церар одигрува три различни карактери со различен женски сензибилитет кој во себе ја содржи и стаменоста и суровоста, но и експлозијата на женското либидо. Оваа одлична актерка на сцената донесува три германски дами со целата нивна амбициозност, но и пожртвуваност, три дијаметрално различни карактери, но врамени во исти констелации, што зборува за нејзината фантастичната актерска умешност. Овде, покрај другите би го споменал и ликот на фирерот кој го толкува доајенот на словенечкото глумиште Алеш Валич. Сатирично хистеричен, очаен и невразумлив, овој Хитлер на Алеш Валич е и по малку меланхоличен. Неговата хистерија скоро и да не се слуша, неговата идеолошка патетика скоро и да не се чувствува. Валич оваа улога која има само една појава ја донесува многу смирено, со здржана хистерија во себеси и со сјајно позиционирање на ликот во гамата на меланхоличноста. Но, Хитлер на Зупанчич и на Валич го поставуваат прашањето: што е потребно за „новата раса“? Кои се состојките што еве не се додадени и зошто целиот нивни сон не функционира. Карлштајн во една прилика на фирерот му вели: „Јас сум облакот, а ти си Рајхстагот“, што би не одвело до тоа дека всушност целата идеолошка поставеност на нацизмот е во неостварливоста на идеите што си ги кажувале малдите Адолф и Виктор додека студирале во Виена.
Визуелниот момент на оваа претстава импонира со својата здржост. Сценографијата на Јања Корун делува клаустрофобично, не затоа што подразбира бункер, но затоа што потсетува на една притисната и напната атмосфера. Секако, и таа акореспондира со драматургијата на Зупанчич, но е решена како еден простор кој импонира со својата цврста и сурова геометрија. Секако, на неа се надополнува и костимографијата на Бјанка Аџиќ Урсулов која има многу со историските назнаки од периодот на нацизмот, но е костимографија која сепак во себе содржи извесна колоритност.
Се чини дека Зупанчич со оваа претстава не го поставува толку прашањето „супермен или надчовек“, колку што го поставува прашањето „раса или човек“. Уште еден цитати од епохалното дело на гореспоменатиот Шо вели: „Слободата значи одговорност. Затоа многу луѓе се плашат од неа.“ Човекот како слободно битите не подразбира определеност. Тоа му го наметнува социјалниот и општествениот статус. И тоа се регуларни наметнувања. Слободата во „новата раса“ значи „припадност“, термин кој нејзините креатори не го пронајдоа во своето поимање на нвиот свет. Веројатно затоа „облакот над Рајхстагот“ е многу сив, а невремето со себе однесува многу крв и човечки животи.
„Нова раса“ е мудра пиеса која со својата сатира продира длабоко во круцијалните недоумици на најстрашните креатори на периодот кој со себе донесе многу залудна смрт. Матјаж Зупанчич напишал и режирал претстава која се уште предупредува на незатворените прашања на некакво ново разбудување на авторитарноста од која се чини дека светов баш и не избегал, а и на можноста слободоумноста да биде извалкана со погубна идеологија многу слична на онаа на новите „лидери.“
Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ го распиша конкурсот за наградата „Роман на годината“ за 2024 година, кој ќе трае од 15 декември до 15 јануари 2025 година. Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ го распиша годинашниот конкурс за наградата „Роман на годината“ за 2024 година, кој…
„На окрутноста на животот потребна му е благоста во погледот“, е превод на оригиналното издание „Окрутности живота потребна је благост погледа“, книга од соседството, од авторот Дејан Петровиќ, кој живее во Нови Сад, Србија. Тој зад себе, во неколку децениското пишување, остварил многубројни средби и направил интервјуа со значајни режисери, писатели, со луѓе од уметноста….
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, во просториите на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Охрид се обрати на прес-конференција по повод најновите археолошки откритија во Охридско-струшкиот Регион. Станува збор за вредни наоди, околку 80, откриени на локалитет во Охридско-струшкиот регион, односно на некропола од архајскиот период, 6 век…
Ново издание на „Збирка ноти – Камерна музика од Љубомир Бранѓолица Vol. I“. Новото електронско издание на „Збирка ноти – Камерна музика од Љубомир Бранѓолица Vol. I“. претставува избор на дела од богатиот опус на македонскиот композитор со хрватско потекло, Љубомир Бранѓолица. На повеќе од 40-тина страници се сместени шест нотографирани дела, избор од богатиот…
На манифестацијата „Годишни награди за режисерите“, која се одржа во Нови Сад, на истакнатиот македонски режисер Столе Попов му беше врачена наградата „Живојин Жика Павловиќ“ за промоција на балканската кинематографија во светот. Наградата му ја врачи легендарниот актер Предраг Мики Манојловиќ, откако воведно обраќање имаше Ненад Павловиќ, и самиот режисер по професија и син на…
Во Домот на културата „Билјана Беличанец“ синоќа, на последната фестивалска вечер, во преполната сала во присуство на бројни филмски работници, уметници, актери, режисери, претставници на политичкиот и културниот живот на земјава и претставници на дипломатскиот кор беа доделени наградите на 9. издание на МФФ Киненова. „Гран при“ доби филмот „Жена-убиец“ на грчката режисерка Ева Натена,…
Австрискиот режисер Улрих Зајдл е годинешен добитник на Наградата за животно дело на Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“. -Со нас денеска е еден од најинтересните филмски автори, сценарист, режисер и продуцент, Улрих Зајдл од Австрија. Режисерот кој уште пред да го побуди вниманието во 2001 година со „Тегобни денови“, го побуди вниманието и пред тоа на…
МФФ „Киненова“ ќе се одржи по деветти пат од 15 до 20 октомври, со македонскиот долгометражен анимиран филм на Гоце Цветановски „Јон Вардар против Галаксијата“. -На мое големо задоволство Тематски би ја започнал истата претставувајќи го овогодинешниот фестивалски слоган: Што е прво? Филмот или приказната? Огромна благодарност за целиот визуелен идентитет на овогодинешното издание на…