Култура

„Nightscape“ e новата музичка креација на Глигор Кондовски и Владан Дробицки

Албумот „Nightscape“ е најновото музичко остварување со амбиентална џез музика на Глигор Кондовски и џез инструменталистот и музичкиот продуцент Владан Дробицки во издание на PMG JAZZ.  Глигор Кондовски е автор и на три албуми со амбиентална музика и тоа, „Around the bend“ издаден од страна на шпанската издавачка куќа „Seamless Recordings“ во 2019 година, „Flown letters” во 2012, „Crumbly secret” во 2009 година,  „Here“, 2020; „Beseda“, 2020 и „Hover“, 2021.  Тој се занимава со сите потребни работи за еден филм, пишува сценарија, режира, компонир, се занимава со фотографија и  е автор на графичкиот дизајн на ова музичко издануие, Nightscape“. 

Глигор Кондовски

„Nightscape“ содржи пет инструментални композиции од амбиентална џез музика со наслов: „A First moment“, „Attain“, „Inviolable“, „Night walk“ и „Starlight“. На овој албум, потписник на аранжманот е Глигор Кондовски кој е и автор на музиката, тонски снимател и инженер одговорен за аудиомиксот.  Музичка поддршка на ова издание е џез-музичарот и тромбонист Владан Дробицки. Синглот „Starlight“ објавен една недела пред објавата на албумот „Nightscape“ го најави и објавувањето овој албум. 

Владан Дробицки е човекот одговорен за издавачкиот бренд ПМГ ЏЕЗ (PMG JAZZ) што е своевидна гранка на „чадорот“ со префикс ПМГ (PMG) – Прогресивна мултимедијална група, посветена на домашни џез музички изданија. Дробицки учествува на различен начин во преку 60 изданија за различни бендови и музички групи. Меѓутоа, негов матичен бенд е Сетстат (Sethstat).

Инаку дело на Глигор Кондовски со наслов, Once upon a Train се најде на регионалната компилација на инструментална клавирска и амбиентална музика на коешто се 16 композиции на автори од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора.