ИКОМ официјално ја објави својата осумнаесетта Црвена листа, која содржи 119 предмети од 45 музеи од 10 земји во Југоисточна Европа, од кои Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Црна Гора, Северна Македонија, Молдавија, Романија, Србија и Словенија.
Црвената листа за културни објекти од Југоисточна Европа во ризик, е фокусирана на европскиот континент и истата ќе биде најголемата листа подготвена од ИКОМ, целта е ублажување на проблемот со недозволена трговија со културни предмети.
– Иако поновата историја на регионот беше одбележана со политички пресврти и конфликти, што исто така придонесе за губење на културното наследство, современиот нерегулиран проток на културно наследство од регионот е нешто сосема поинакво. Ниту една земја не беше ослободена од оваа неволја во која беа видени предмети украдени од музеи и други културни институции, како и археолошки локалитети оштетени преку илегални ископувања, честопати извршени од организирани криминални групи, но подеднакво и од бескрупулозни поединци, велат од ИКОМ.
Од таму додаваат дека оттука ова листа претставува вреден придонес за заштита на наследството.– ИКОМ не само што се надева дека оваа алатка ќе им помогне на полицајците, царинските службеници и приватните граѓани подеднакво во идентификувањето на наследството во ризик, но ИКОМ искрено се надева дека ќе стане важен и долготраен инструмент во растечкиот арсенал алатки што се користат за да се заштити богатото и вредно наследство на Југоисточна Европа за сите, се наведува во соопштението.