Глобалното затоплување носи опасност од долготрајни суши и екстремни бури во земјава
— 8 јули, 2021Зголемувањето на просечните температури на воздухот во земјава ја носи опасноста од долготрајни сушни периоди и екстремни бури со временски непогоди кои можат да предизвикаат штети. Просечните количества на врнежи на годишно ниво во земјава драстично флуктуираат од година во година во изминатиов тридецениски период, иако бројките генерално низ годините покажуваат зголемување на количеството на врнежи.
Податоците на Министерството за животна средина и просторно планирање и на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) ги споредивме за два града во земјава – Скопје и Битола. Може да се забележи дека во изминатава деценија има сериозни отстапувања кај количествата на врнежите, па така и Скопје и Битола имале месеци во годината во кои немало врнежи, додека најголемата месечна сума на врнежи во годината расте со текот на времето.
Во Скопје, променливите количества на врнежи на годишно ниво се надополнети во 2015, 2016, 2018 и 2019 година како периоди, во кои постоеле месеци кога немало воопшто врнежи или количеството на врнежи изнесувало околу 0 милиметри. Ова е индикатор дека во овие делови од годината имало подолготрајна суша, која била надополнета и со зголемувањето на просечните температури на воздухот.
Од друга страна, рекордната сума на врнежи на месечно ниво во Скопје е забележана во 2014 година, кога во текот на еден месец паднале 167,5 милиметри воден талог. Ваквите големи количества на врнежи од дожд или снег пак можат да претставуваат индикатор за невреме со поројни врнежи, кои исто така предизвикуваат штети кај населението.
Слично како кај главниот град, и во Битола рекордно количество на врнежи на месечно ниво е забележано во 2014 година, кога за еден месец паднaлe вкупно 213,1 милиметри воден талог. Наспроти ова, во 2010, 2015 и 2018 година имало месеци во кои сумата на врнежи изнесувала околу 0 милиметри или воопшто не заврнало.
Целосниот текст може да го најдфете на: мета.мк