Култура

„Анет“ вечерва во Градски парк го отвора јубилејниот 20. Синедејс

Со проекција на филмот „Анет“, со којшто се отвори и годинешниот филмски фестивал во Кан, каде премиерно беше прикажан на шести јули, вечерва во 21 часот во Градскиот парк, ќе започне јубилејното 20-то издание на Синедејс, а коешто ќе се одржи на повеќе локации во Скопје. Режисер на „Анет“ е Леос Каракс а е во продукција на САД, Франција, Мексико, Швајцарија, Белгија, Јапонија и Германија. Во „Анет“ главните улоги ги имаат Адам Драјвер Adam Drajver vo uloga na Henri и Мерион Котлард Marion Cotillard во улога на Ен. Хенри е стендап-комичар со жесток хумор. Ен, светски реномирана позната оперска певица. Заедно, во центарот на вниманието, се среќен и гламурозен пар. Раѓањето на нивното прво дете, Анет, мистериозно девојче со необична судбина, сосема ќе им ги промени животитe. Истата вечер во паркот на МКЦ ќе се одржи концерт на Бела Техника. Оваа група е основана во 2016 година од двајца членови на култниот белградски бенд „Дарквуд Даб“: гитаристот Бојан Дробац – Бамби и басистот Милорад Ристиќ – Мики. На двајцата им се приклучува и оперската пејачка Катарина Јовановиќ. 

Следните локации на коишто ќе се одржат филмските проекции, работилниците, концертите и другите предвидени настани се паркот на Младинскиот културен центар, паркот Ибни Пајко и кината „Фросина“ и „Милениум“.

Tagged with:

Автор:

Слични статии