Претставата „Четири“ на Ирена Лозинска го отвора фесивалот „Панфиз“
— 30 јуни, 2021Со претставата „Четири“ во режија и кореографија на Ирена Лозинска, вечрв во 20.30 часот, започнува фестивалот „ПАНФИЗ“ кој годинава ќе се одржи по 14-ти пат. Оваа година, по втор пат ќе се одржи на отворено, поради пандемијата со КОВИД 19, а локацијата е пред МНТ, на платото на северозападната тераса од овој објект. Местата ќе бидат ограничени (30), во корелација со просторот. Во случај на невреме претставите ќе се играат на малата сцена на МНТ.
Оваа година фестивалот се отвора со ексклузивна македонска претстава, која премиерно ќе биде изведена на отворањето на фестивалот, и е сублимат на физички театар, буто, танц и пантомима. „Алис ин Вондербанд“ од Србија и оваа година е на ПАНФИЗ, но овојпат со целодневна работилница наречена „Телото како инструмент“, која ќе биде вистинско освежување за млади таленти, но и постари актери заинтересирани за перкусионистички елементи, пеење, ритмика и актерска игра.
Од Бугарија ни доаѓа Александар Илиев, со претставата „Комедија дел’ арте“, а ќе видиме и два буто перформанси, во продукција и изведба на Нектан Арт Центар, Марко Стојановиќ од Србија, а тоа се претставите „Светиот Маченик“ и „Спајдердаст“. Билетите ќе бидат поделени пред претставата по принципот прв дојден прв услужен, за сепак да создадеме некаков ред во однос на препораките. Дезинфекциски средства ќе бидат поставени на видни места за ваша и наша заштита.