Наградите „Кенеди“ по 43. пат на Џоан Баез, Дик Ван Дајк, Деби Ален…
— 3 јуни, 2021Центарот „Кенеди“ оваа година по 43. пат ќе им додели награди уметничко достигнување на петорица врвни автори – уметници, секој докажан во својата област. Свечената церемонија ќе се одржи на шести јуни во Вашингтон во чест на кореографката и актерка Деби Ален, кантавторката и активистка Џоан Баез, кантри ѕвездата Гарт Брукс, виолинистката Мидори и актерот Дик Ван Дајк. Инаку, достигнувањата на Центарот „Кенеди“ се престижни награди за „животно уметничко достигнување“ кои обично се објавуваат во текот на летото, а потоа се слават на раскошниот гала перформанс во декември, што подоцна се емитува на ТВ. Случувањата со Ковид-19 ги прекинаа овие планови за 2020 година, но ќе влијаат на свеченоста и оваа година, со тоа што на 43. гала вечер, за да се исполнат безбедносните протоколи, ќесе одржат низа помали настани во текот на една недела, почнувајќи од 17 мај.
Повеќето американски претседатели присуствуваа на оваа церемонија и во минатото, но не е преседан и да не се појави претседателот. Така претседателот Трамп со сопругата Меланија ги пропуштиле церемониите за време на нивните мандати. Тоа им се случи и на Џими Картер и Бил Клинтон. Деби Ален, била десет пати кореограф на Оскарите, а работела и на кореографиите на уметници како Мајкл Џексон и Мараја Кери. Во 60-тите години на минатиот век, Џоан Баез маршираше со д-р Мартин Лутер Кинг, помладиот за време на движењето за граѓански права и организиран отпор кон војната во Виетнам. Позната по тоа што вдахна нов живот во традиционалните народни балади со нејзиниот кристално чист вокал и што го претстави Боб Дилан на светот.
Кантри-ѕвездата Гарт Брукс кој во март 2020 година, ја доби наградата Гершвин на Библиотеката на Конгресот за популарна песна во изјавата меѓу другото истакна дека претседателот Кенеди е негов „херој од детството“. Виолинистката Мидори родена во Осака, Јапонија, имаше само 11 години кога диригентот Зубин Мехта ја покани да настапи со Њујоршката филхармонија на годишниот концерт на новогодишната ноќ на оркестарот. Оттогаш таа настапуваше со големи оркестри и водечки диригенти ширум светот.
95-годишниот Дик Ван Дајк со завидна кариера во Холивуд вели, да се приклучи славната група од нешто повеќе од 200 уметници кои добиле почести од Центарот „е возбудата на неговиот живот“.
Гала-настанот на Центарот Кенеди ќе се емитуваат на 6 јуни, на ЦБС.