Култура

Премиера на дебитантскиот филм „Прашливи цвеќиња“ на Мирослав Илиќ

Вечерва во Младинскиот културен центар во киното Фросина, ќе се одржи премиера на краткиот филм „Прашливи цвеќиња“ со почеток од 19:30 и 20:30 часот. „Прашливи цвеќиња“ (Dust flowers) е дебитантски и самофинансиран краткометражен филм на Мирослав Илиќ и досега има добиено 2 награди за најдобар краткометражен филм и веќе е во 4 официјални селекции на престижни фестивали. Филмот зборува за една сентиментална жена, која по неколку неуспешни обиди да има свое биолошко дете, принудена е да се откаже од антидепресивната терапија, затоа што ја намалуваат нејзината фертилност. Филмот е со времетрање од 17 минути и во него играат Сара Анастасовска, Стефан Вујисиќ, Арна Шијак, Христина Цветаноска.

Настанот ќе биде организиран согласно протоколите за организирање настани во затворен простор. Ве молиме да се придржувате кон истите. Бројот на посетители е намален, носењето маски е задолжително за време на целиот настан.  Влезот е слободен, со претходно набавување на бесплатни билети преку bileti.mkc.mk

 

Автор:

Слични статии