Култура

Меѓународна ликовна изложба „Временските граници не постојат“

Меѓународна ликовна изложба, насловена „Временските граници не постојат“, ќе биде отворена денеска во 13 часот во Дом на култура „Кочо Рацин“ во Скопје и ќе трае до 19 април.

На изложбата ќе бидат изложени дела на чешките уметници Ленка Сарова Малиска, Карел Штаинер и Петра Јовановска. Ликовниот проект е поддржан од Дом на култура „Кочо Рацин“ Скопје, Град Скопје и Амбасада на Р. Чешка.

На настанот се очекува присуство на чешкиот заменик-амбасадор во државава Лубомир Пшенка.

Автор:

Слични статии