Култура

МНТ со меѓународен проект „Патишта на хероите“, ќе го истражува значењето на поединецот врз општеството

Македонскиот народен театар стартува со меѓународниот проект „Патиштата на хероите“ во кој се вклучени и шест организации, од кои пет се од партнерските земји: Ла Драматурџи 0д Италија, Лооп Амке од Грција, од Босна и Херцеговина учествува Студио Театар, Институт за театарска игра од Словенија и од Србија,  Ехо Анимато. Од Македонија е вклучена издавачката куќа Гаврош.  Носител на овој проект е Македонскиот народен театар кој ќе се одвива во наредните две години. Проектот ќе биде реализиран преку сите познати медиуми за комуникација: театар, видеа, претстави на отворено, изложби, илустрирани книги за деца и онлајн кампањи. Инспариција е всушност драмата на Ибзен Народен непријател, која го истражува влијанието на поединецот врз заедницата и обратно.

Идејата на проектот е преку уметнички пристап да се пристапи кон проблемот на социјална апатија и отсуство на делување во општеството. Истовремено ќе бидат понудени и начини како да се справува, да се носи со овој проблем се поприсутна состојба на денешното живеење. Во овој проект, на некој начин е ставен и фокусот кон животната средина, па така, покрај проектот, на прес -конференцијата беше обелоденета и акцијата за правење на парк на просторот што се наоѓа помеѓу МНТ и реката Вардар. Ова акција ќе ја реализираат ЈП Паркови и зеленило и учениците од средното училиште „Орце Николов“, кои речиси постојано се дел од публиката на претставите во МНТ. 

Организаторите на проектот сметаат дека постојат голем број поединци кои веќе дејствуваат за доброто на заедницата, но не се доволно видливи. Проектот има за цел да им придаде значење и да ги сподели нивните приказни со цел да се инспирираат самите заедници да трагаат по сопствените патишта на хероите.

Токму затоа, како финален производ на проектот, во 2022 година, ќе биде премиерата на копродукцијата „Народен непријател“ на Хенрик Ибзен, во режија на Нина Николиќ во која ќе учествуваат автори од сите партнерски земји, а во изведба на актери од ансамблот на МНТ.

Според режисерката Нина Николиќ, самиот наслов на проектот укажува на тоа дека во рамките на овие две ипол години ќе се стави фокусот на хероите кои знаат, можат и сакаат да ни го покажат начинот преку кој ќе можеме да го подобруваме амбиентот во кој што живееме и да изградиме пообра средина која ќе биде убав простор за сите нас.

Автор:

Слични статии