Култура

Гоце Цветановски го објави првиот тизер за филмот „Денот на жената“

Режисерот и сценарист Гоце Цветановски го објави тизерот за својот прв игран филм „Денот на жената“. Станува збор за социјално-ангажиран крими-трилер кој се фокусира на темата трговија со луѓе, со посебен акцент на насилството врз жените. Пораката на филмот е оптимистична – дека, сепак, правдата е посилна од неправдата.

„Мислам дека сме на добар пат да створиме филм кој истовремено ќе биде забавен за пошироката публика, а кој ќе носи во себе длабока човечка порака“ – изјави Цветановски додека траеше снимањето.

Филмот е по сценарио на Цветановски, а главната улога ја толкува актерката Слаѓана Вујошевиќ. Талентираната актерка ќе ја гледаме како истражувачка новинарка која се обидува да ја разбие мрежата и да ја разоткрие вистината. Двајцата претходно имаат соработувано на повеќе проекти, меѓу кои е и видеоспотот на песна на „Феит ноу мор“, а во последните две години и на „Сказните на Биби“. Општествено-ангажираниот филм, кој има модерен и урбан пристап, се снимаше главно во Скопје и на една локација во Куманово, вели режисерот. Директор на фотографијата е биде Фејми Даут, кој заедно со Самир Љума доживеа голем успех со филмот „Медена земја“.

Слични статии