Култура

УНИЦЕФ ја избра „Фотографијата на годината“

На фотографијата се гледа како децата бегаат од запалениот бегалски камп Морија на островот Лезбос. На почетокот на септември избувна катастрофален пожар во најголемиот бегалски камп на Егејот. Кампот Морија беше речиси целосно уништен. Илјадници жители беа префрлени во друг камп на Лезбос.

Авторот на оваа фотографија е на гркот Ангелос Цорцинис. Таа ја доловува храброста, запрепастеноста и несебичноста на децата во услови на огромна опасност и нужда во една потресна слика,  ја образложи својата одлука Фондот за деца на ОН. За Елке Буденбедер, покровителката на УНИЦЕФ Германија, фотографијата направена на островот Лезбос е „итна опомена“.  Таа раскажува за драмата веднаш на нашиот праг. „Фотографијата нè соочува со нашата човечка должност: Ние во Европа конечно мора да најдеме одговор – исто така и за децата на Морија. Мора заеднички да сториме повеќе  за да внесеме надеж во нивните животи”, побара сопругата на германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер.

Автор:

Слични статии