Култура

За 10 години масовно ќе изумрат ендемичните и реликтните видови во Охридското Езеро

Пошироката македонска јавност воопшто не е запознаена со значењето на Охридското Езеро. Имам чувство дека и политичките фактори, било на национално било на локално ниво, немаат поим што значи Охридско Езеро. Во светот постојат многу мал број стари езера кои се постари од еден милион години, како што се Бајкалското Езеро, Тангањика, Бива, Аоки, Титикака и се разбира Охридското и Преспанското Езеро, вели д-р  Злако Левков од Институтот за биологија, во интервјуто за Факултети.мк. 

Подлабоките делови од Охридското Езеро, место каде што живеат најзначајните видови организми, во 2031 година ќе бидат анаеробни – нема да има кислород неопходен за да дишат. Тоа ќе доведе до масовно изумирање на организмите и губење на голем дел од ендемичните и реликтните видови. На крајот, ќе го изгуби епитетот најзначајно езеро во Европа и светот, поради профитот на неколку луѓе и немањето волја да му се стави крај на дивеењето, вели проф. д-р Златко Левков од Институтот за биологија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Повод за разговорот со проф. Левков беше објавувањето научен труд во Science Advances, едно од најпрестижните научни списанија, кој се однесува за дијатомеите (едноклеточни организми, алги) од Охридското Езеро. Трудот е резултат на истражување на меѓународен тим научници, а неодамна за него пишување и реномираниот германски весник „Шпигел“. Но, Левков отвора многу важни прашања што се однесуваат на Охридското Езеро и алармира дека отчукуваат последните секунди за спас на еден од најважните еко системи во светот.

Целосното интервју можете да го прочитате на линкот на факултети.мк

Автор:

Слични статии