Зошто болшевиците никогаш не ѝ го смениле името на Москва?
— 17 септември, 2020
Преселба на престолнината
По Октомвриската револуција, пред Санкт Петербург да стане Ленинград, во 1918 година го губи статусот на престолнина на Русија. Постојат неколку причини поради кои е тоа направено. Како прво, поранешните државни службеници на царска Русија ја бојкотирале болшевичката власт. Со оглед на тоа што чиновниците го спречувале нормалното функционирање на институциите, болшевиците немале избор, па затоа во Москва воспоставиле нови државни органи.
Како второ, во Петроград имало голем број антиболшевички настроени луѓе, а исто така и војници на некогашната руска царска армија. Тие организирале провокации, ги напаѓале болшевиците и нивните поддржувачи, планирале завери и организирале терористички напади.
Третиот и веројатно пресуден фактор била Првата светска војна која во 1918 година сè уште била во тек. Откако на 6 декември 1917 година Финска прогласила независност, државната граница се приближила на само 35 километри од Петроград. На 2 март германската војска започнала да го бомбардира градот со артилерија со голем дострел. На 10 март таен воз со Владимир Ленин и со други високи болшевички службеници го напушта Петроград и заминува за Москва. На 12 март завршен е процесот на префрлањето на престолнината во Москва.
Но, останува прашањето: зошто на овој град никогаш не му е сменето името?
Треска на преименување
Во текот на својот живот Ленин бил одлучен кои било градови, населби и улици да не го добиваат неговото име. Но, на 26 јануари 1924 година, само неколку дена по смртта на Ленин, Вториот конгрес на Советот на СССР го променил називот Петроград (некогашен Санкт Петербург) во Ленинград, наведувајќи дека причина за тоа е што „револуционерната активност на Владимир Ленин процутила најпрво во Петроград“.
„Треската на преименување“ ја лансирал Јосиф Сталин, кој притоа не пропуштил на овој начин да го овековечи сопственото име. Градот Донецк (денешн Украина), некогашна Јузовка, во 1924 година го добил името на Сталин. Една година подоцна, во 1925, Царицин (денешен Волгоград) станал Сталинград. Додека Душанбе (престолнината на Таџикистан) бил преименуван во Сталинбад во 1929 година, а Новокузнецк во Сибир станал Салинск во 1932 година.
И другите руски најголеми и најважни градови добивале имиња по значајни болшевички водачи. Во 1924 година Екатеринбург станал Свердловск по Јаков Свердлов (1885-1919), во 1931 година Твер го сменил називот во Калинин по Михаил Калинин (1875-1946), во 1932 година Нижни Новгород станал Горки по познатиот писател Максим Горки (1868-1936) кој тука е роден (иако самиот Горки се противел на оваа одлука и забранил новото име на градот да го користат членовите на неговото семејство и пријателите). Во 1935 година Самара станува Кујбишев по Валеријан Кујбишев (1888-1935), а Ставропољ го добива називот Ворошиловск по воениот командант Климент Ворошилов (1888-1969).
Предлози на Москва да и се смени името
Прв пат идејата се појавила во 1927 година. Околу 200 болшевички чиновници поднеле молба Москва да се промени во Иљич (од татковото име на Владимир Ленин), образложувајќи дека „Ленин ја основал слободна Русија“. Сталин го одбил предлогот, велејќи дека би било премногу двата најголеми града да го носат името на Ленин.
Вториот обид се случил во 1938 година, а бил дело на Николај Ежов (1895-1940), тогашен народен комесар за внатрешни работи, исто така суров извршител на наредбите на Сталин и егзекутор, кој започнал да ја губи моќта и довербата на Сталин. Во обид повторно да го придобие водачот, Ежов на своите подредени им наложил да изработат проект според кој Москва би го сменила името во Сталинодар. Но, Ежов не зел предвид дека Сталин мразел ласкање и додворување. Ежов не поживеал долго по ова. Бил погубен две години подоцна.
Постојат податоци за тоа дека прашањето за промена на името на Москва се покренало и по Втората светска војна (но, Сталин повторно го отфрлил предлогот), но и уште еднаш по смртта на Сталин, кога некои негови поранешни соработници се обиделе постхумно да ја наречат престолнината по него. Меѓутоа, овој последен обид бил обесмислен со политиката на десталинизација.
Можеби некому ќе му изгледа необично што тоталитарниот водач кој по себе има наречено многу градови и населби и самиот себеси си подигал споменици ширум земјата, не сакал престолнината да го носи неговото име и одлучно бил против секој таков обид. Меѓутоа, ова не е единствената пригода кога Сталин покажал отсуство на нарцисоидност. Се знае дека Сталин го избришал својот портрет од нацртот за Орденот на Победата и ја отфрлил идејата Московскиот државен универзитет да го носи неговото име.
Текстот е преземен од Russia beyond
Автор:
Слични статии
-
-
-
Скопје на светска листа на (не)инвентивност
24 октомври, 2016
Последни статии
-
Распишан конкурсот за наградата „Роман на годината“ за 2024 година
— 19 декември, 2024Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ го распиша конкурсот за наградата „Роман на годината“ за 2024 година, кој ќе трае од 15 декември до 15 јануари 2025 година. Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ го распиша годинашниот конкурс за наградата „Роман на годината“ за 2024 година, кој…
-
Дејан Петровиќ: Интервјуата се секогаш танго за двајца
— 19 ноември, 2024„На окрутноста на животот потребна му е благоста во погледот“, е превод на оригиналното издание „Окрутности живота потребна је благост погледа“, книга од соседството, од авторот Дејан Петровиќ, кој живее во Нови Сад, Србија. Тој зад себе, во неколку децениското пишување, остварил многубројни средби и направил интервјуа со значајни режисери, писатели, со луѓе од уметноста….
-
Нашето културно наследство не е само наша обврска, туку и одговорност кон идните генерации
— 8 ноември, 2024Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, во просториите на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Охрид се обрати на прес-конференција по повод најновите археолошки откритија во Охридско-струшкиот Регион. Станува збор за вредни наоди, околку 80, откриени на локалитет во Охридско-струшкиот регион, односно на некропола од архајскиот период, 6 век…
-
Ново издание на „Збирка ноти – Камерна музика од Љубомир Бранѓолица Vol. I“
— 5 ноември, 2024Ново издание на „Збирка ноти – Камерна музика од Љубомир Бранѓолица Vol. I“. Новото електронско издание на „Збирка ноти – Камерна музика од Љубомир Бранѓолица Vol. I“. претставува избор на дела од богатиот опус на македонскиот композитор со хрватско потекло, Љубомир Бранѓолица. На повеќе од 40-тина страници се сместени шест нотографирани дела, избор од богатиот…
-
Столе Попов добитник на наградата „Живојин Жика Павловиќ“ за промоција на балканската кинематографија во светот
— 22 октомври, 2024На манифестацијата „Годишни награди за режисерите“, која се одржа во Нови Сад, на истакнатиот македонски режисер Столе Попов му беше врачена наградата „Живојин Жика Павловиќ“ за промоција на балканската кинематографија во светот. Наградата му ја врачи легендарниот актер Предраг Мики Манојловиќ, откако воведно обраќање имаше Ненад Павловиќ, и самиот режисер по професија и син на…
-
Гран при на „Киненова“ за филмот „Жена-убиец“ на грчката режисерка Ева Натена
— 21 октомври, 2024Во Домот на културата „Билјана Беличанец“ синоќа, на последната фестивалска вечер, во преполната сала во присуство на бројни филмски работници, уметници, актери, режисери, претставници на политичкиот и културниот живот на земјава и претставници на дипломатскиот кор беа доделени наградите на 9. издание на МФФ Киненова. „Гран при“ доби филмот „Жена-убиец“ на грчката режисерка Ева Натена,…
-
Познатиот австриски режисер Улрих Зајдл е лауреат на „Киненова, фестивал кој се отвора утре со „Јон Вардар против галакцијата“ на Гоце Цветановски
— 14 октомври, 2024Австрискиот режисер Улрих Зајдл е годинешен добитник на Наградата за животно дело на Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“. -Со нас денеска е еден од најинтересните филмски автори, сценарист, режисер и продуцент, Улрих Зајдл од Австрија. Режисерот кој уште пред да го побуди вниманието во 2001 година со „Тегобни денови“, го побуди вниманието и пред тоа на…
-
„Што е прво? Филмот или приказната“ е мотото на 9. МФФ „Киненова“
— 7 октомври, 2024МФФ „Киненова“ ќе се одржи по деветти пат од 15 до 20 октомври, со македонскиот долгометражен анимиран филм на Гоце Цветановски „Јон Вардар против Галаксијата“. -На мое големо задоволство Тематски би ја започнал истата претставувајќи го овогодинешниот фестивалски слоган: Што е прво? Филмот или приказната? Огромна благодарност за целиот визуелен идентитет на овогодинешното издание на…