Почина шведскиот актер Макс фон Сидов
— 9 март, 2020Познатиот шведски актер Макс фон Сидов, кој се прослави со улогите во антологиските филмови на Ингмар Бергман, пред да се стекне со светска слава, почина на 90 годишна возраст. Тој во својата долга кариера бележи над 100 улоги во филмови и телевизиски серии. Ја играше и улогата на Исус Христос во „Највеличествената приказна“ (1965), и на проколнат свештеник во „Истерувач на ѓаволот“ на Вилијам Фридкин, како и уметник во „Хана и нејзините сестри“ на Вуди Ален (1986), и во „Дина“ на Дејвид Линч (1984). Неговата најславна улога е во „Седмиот печат“ на Бергман од 1957, во кој игра шах со Смртта.
Стекна нови генерации обожаватели со камеото во „Симпсонови“ и во „Екстремно гласно и неверојатно блиску“ (2011), „Војна на ѕвездите: Силата се буди“ (2015) и во „Игри на троновите“ како митското суштество Троокиот Прч.
Роден во богато семејство во Лунд на шведското крајбрежје, фон Сидов студирал на државната школа за драма пред да се запознае со Бергман во 1955. Заедно работеа на тетарски претстави, но брзо создадоа серија филмски класици кои им ги зацементираа кариерите. „Седмиот печат“ беше снимен истата година како и „Диви јагоди“, следеа „Раб на животот“, „Беснило“ и „Магионичарот“ во 1958 година, „Зимско светло“ (1963) и „Девствениот извор“ (1980).