Култура

„Медена земја“вечерва се бори за европскиот Оскар во Берлин и во Лос Анѓелес за најдобар документарец

Вечерва во Берлин, ќе бидат доделени наградите на Европската филмска академија (ЕФА) каде филмот е номиниран за најдобар документарец, а во Лос Анџелес се доделуваат Интернационалните документарни награди ИДА, каде македонскиот документарен филм „Медена земја“ на режисерите Тамара Котевска и Љубомир Стефанов,  каде има три номинации: за најдобар филм, за режија и за кинематографија на Самир Љума и Фејми Даут.  Режисерката Котевска со Љума и со продуцентот Атанас Георгиев денес се во Берлин, на свеченоста на ЕФА, каде „Медена земја“ за престижната награда позната и како европски Оскар за конкуренти ги има: „Сведоците на Путин“ (Русија), „За Сама“ (Велика Британија/САД), „Исчезнувањето на мојата мајка“ (Италија/САД) и „Селфи“ (Франција/Италија). На 32. доделување, наградите ќе се доделат во 23 категории. За најдобар филм се борат „Офицер и шпион“ на Роман Полански, „Клетници“ на Лаџ Ли, „Системкрашерс“ на Нора Фингшајд, „Болка и слава“ на Перо Алмодовар, „Предавникот“ на Мако Белокио и „Фаворитката“ на Јорос Лантимос. Француската актерка Жилиет Бинош ќе добие награда за европски придонес во светскиот филм, а култниот германски актер, писател и режисер Вернер Херцог наградата за животно дело. Преносот почнува во 17 часот, а церемонијата е во 19 часот и може да се следи на www.europeanfilmawards.eu.  Интернационалните документарни награди ИДА се најпрестижниот светски настан за овој жанр, а режисерот Стефанов денес е во Лос Анџелес за на свеченото доделување да ја прими и наградата „Паре Лоренц“, која на ИДА  се доделува „за давање пример за филмско снимање, со истовремено фокусирање на соодветната употреба на животната средина, правда за сите и откривањето на социјалните проблеми“, а „Медена земја“ е годинашен добитник.  „Медена земја“ e македонски кандидат за Оскар во категоријата најдобар странски филм за 2020 на Американската филмска академија. Номинациите за 92. доделување на Оскарите ќе бидат објавени на 13 јануари, а свеченоста е на 9 февруари.

Ден претходно, во Лос Анџелес ќе бидат објавени добитниците на престижната американска награда Независен дух, предвесник на Оскарите, каде „Медена земја“ е номиниран за најдобар документарец заедно со „Американска фабрика“, „Аполо 11“, „За Сама“ и „Островот на гладни духови“.

Единствениот македонски филм кој досега ја освоил наградата Независен дух е „Пред дождот“ на Милчо Манчевски, во 1995 за најдобар странски филм. „Пред дождот“ истата година беше и меѓу петте номинирани за Оскар. По победата на Санденс, Тел Авив и голем број други награди, признанија и номинации, „Медена земја“ е вбороена и меѓу најдобрите филмови на годината од „Њујорк тајмс“ како и од списанието „Арт форум“. Документарецот изминатиов период играше во 30 градови низ земјава, а од денес до 13 декемрви ќе се прикажува во Кинотеката.

Слични статии