Култура

Овации за „Врба“ по синоќешната премиера во Македонска филхармонија

Синоќа, во Македонската филхармонија се случи премиерата на филмот „Врба“ во режија на Милчо Манчевски. На црвениот килим продефилираа многу препознатливи ликови од политичката и јавна сцена.

Националната телевизија Канал 5 со директен пренос во живо ги проследи случувањата пред проекцијата на филмот. До последно место беше исполнета салата во филхармонија. По завршувањето на проекцијата, филмската екипа се поклони пред публиката, која на нозе со овации и френетичен аплауз ги поздрави. По проекцијата, на коктелот присутните имаа шанса и лично да им честитаат на брилијатните уметници, кои го создадоа овој маестрален филм, како што веќе светската критика го оцени, по премиерата на Римскиот филмски фестивал.

Од синоќа филмот е на редовен репертоар во скопските кина Синеплекс и Милениум, а филмот се прикажува и во Битола, Штип, Охрид, Кичево, Струга. Од 4 ноември почнува да се прикажува во Прилеп и Свети Николе, во Гевгелија од 9 ноември, Кочани и Македонска Каменица од 14 ноември, а во преговори се прикажувања на филмот и во останатите градови од земјава.

 

 

 

Слични статии