Култура

Уличен фестивал „Куманиум„ како дел од прославата за 500 години на Куманово

На 26 октомври во Куманово, оваа сабота,  ќе започне уличниот Фестивал “КуманиУм” којшто се организира во склоп на проектот Култура за Куманово ,Куманово за култура, имплементиран од Граѓански Центар Активум Куманово и во знакот на одбележувањето на 500 години на Куманово. На овој фестивал ќе учествуваат изложувачи, фотографи, глумци, писатели, готвачи, музичари, уметници, креативци и изведувачи, кои ќе ја афирмираат и промовираат локалната култура и традиција огледана преку музиката, занаетите, фотографијата, графитите, храната, уметноста и играта. Сите настани опфатени со овој уличен фестивал ќе се одвиваат на плоштадот пред “НУЦК Трајко Прокопиев” на целодневна заедничка дружба и прослава. 
Инаку, фестивалот е  поддржан од „Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан (ReLOaD)”, финансирана од Европската унија, спроведувана од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Проектот е ко-финансиран од Општина Куманово.

Слични статии