Култура

Македонска премиера на „Врба“, филм на Милчо Манчевски, во кината во Скопје и низ земјата

„Ова го правам доволно долго, за да знам дека правам нешто многу добро“, изјави режисерот Милчо Манчевски, на вчерашната прес конференција, којашто се одржа по повод премиерата на домашен терен, на неговиот последен филм „Врба“. Да потсетиме дека светската премиера филмот „Врба“ ја имаше на 19 октомври на Филмскиот фестивал во Рим, каде доби одлични оцени од критичарите и од публиката  и сето тоа беше проследено во светските медиуми. Премиерата на „Врба“ ќе се одржи на 1 ноември, петок, во Македонската Филхармониа, како и во кината Милениум и Синеплекс, како и во Битола, Охрид и во Штип, а од 4 ноември ќе игра во Прилеп. 

 -За нас е привилегија да го прикажеме филмот пред домашната публика, која сметаме дека не треба да чека за да го види филмот. Затоа во исто време со официјалната премиера која ќе биде на први ноември во Македонската Филхармонија, филмот ќе има паралелно кино прикажување и во Синеплекс и Милениум во Скопје, во домот на културата во Битола, Штип и Охрид, а во преговори сме и правиме напори во исто време да игра и низ целата држава. Во Прилеп прикажувањето ќе почне од 4 ноември. Во следниот период филмот ќе продолжи да си игра на редовен репертоар во овие кино сали – вели продуцентот на филмот, Јане Ќортошев.
По повод позитивните критики во светските медиуми, режисерот Манчевски, на прашањето дали бил изненаден од ваквите позитивни иценки, се пошегува дека не бил изненаден. 
„Ова го правам доволно долго, за да знам дека правам нешто многу добро. Процесот на снимањето беше пријатен и целосно професионален поради посветениот и фокусиран тим, предводен од Јане Ќортошев, Ник Пауел и Иан Прајор. „Врба“ е трагедија со хепи-енд. Има и тажни моменти, ама и многу хумор и радост, вели Манчевски.
„Ова се дожи на добрата припрема а на добриот кастинг, којшто е многу битен за него. Кастингот траеше околу 4 месеци и изборот се одвиваше во неколку круга, мислам дека стигна до 6 – 7 круга. имам огромна благодарност до кастинг директорката Милка Анчевска, како и до продуцентот Јане. Сите улоги се одиграни феномелано, рече Манчевски. 

Куриозитет е што филмот има машка и женска верзија. Не се разликуваат многу, ама едната е подинамична, а другата подлабока. И двете се подеднакво интересни – на различен начин. Женската верзија ќе се прикажува во Синеплекс, а машката во Милениум – додава тој.

Главните улоги покрај Климоска и Теодосиева ги играат младите актери Никола Ристески,  Ненад Нацев и  Камка Тоциновски. Во филмот играат и Петар Мирчевски, Благој Чоревски, Ратка Радмановиќ, Ана Костовска, Лазе Манасковски, Катина Иванова, Кире Ѓоревски, Адем Карага, Јелена Јованова-Периќ и други.
Директор на фотографија е Унгарецот Тамаш Добош, дизајнер на продукција е долгогодишниот соработник на Манчевски, Британецот Дејвид Манс, костимите се на Жаклина Крстевска и Унгарката Ѓерѓи Сакач, асистент на режија е Никола Ивановиќ од Србија.

Tagged with:

Слични статии