Култура

Денови на современ јапонски филм во Кинотека

Крајот на месецот октомври и почетокот на ноември во Кинотека е резервиран за веќе традиционалните Денови на современиот јапонски филм, објави Кинотека на Северна Македонија.

Посетителите од 29 октомври до 1 ноември ќе имаат можност да видат четири интересни наслови наменети за сите возрасти.

Од семејната драма „Гласот на учителот“ со специфичната ракуго филозофија на раскажување приказни, преку епската мелодрама „Ошин“, која е филмска адаптација на мегапопуларната ТВ серија, и атрактивната анимација во „Рудолф црниот мачор“, до акционата комедија „Самурај мачка“.

Целата програма за Денови на современиот јапонски филм ТУКА.

Слични статии