Познатиот режисер Фатих Акин пристигна во Битола како специјален гостин на ИФФК „Браќа Манаки“
— 16 септември, 2019Попладнево во Битола пристигна специјалниот гостин на 40. ИФФК „Браќа Манаки“, светски познатиот режисер Фатих Акин.
Фатих Акин е специјален гостин на годинашново издание на „Браќа Манаки“, каде што утре (17 септември) во рамки на фестивалската програма ќе се одржи разговор со него и со Рајнер Клаусман, кинематограферот кој работи само со Акин.
Фатих Акин е германец со турско потекло. Тој на неполни 25 години, со својот прв долгометражен игран филм ”Кратко и безболно”/”Kurz und Schmerzloss” го освојува Бронзениот леопард во Локарно, а истата година е добитник на престижната германска награда за најдобар млад режисер на Баварија.
Од 2002 со “Солино”/„Solino”, Фатих Акин започнува една нова соработка со извонредниот кинематографер, Рајнер Клаусман, со кого стануваат водечки европоски и светски тандем, а тој лично започнува една нова авторска одисеја вонеговата сценаристичка и режисерска постапка, каде што во прв план е значењето на обичниот човек во градење на замисленото мултикултурно општество. Со филмот “Со глава в sид“/”Head –on” (за кој во Битола на Браќа Манаки, кинематограферот Рајнер Клаусман ја освои Златната Камера 300), тандемот продолжува да го гради својот култ особено меѓу помладата публика и за овој филм во 2004 година ја освојуваат Златната берлинска мечка за најдобар филм и Европска та филмска награда. Продолжуваат со филмот „На работ на рајот“/”The Edge of Heaven” (Рајнер Клаусман е во компетицијата на Браќа Манаки), за кој Акин е награден за најдобро сценарио во Кан во 2007 година. „Soul kitchen” им е овенчан со специјално признание на жирито на Венецискиот фестивал во 2009 година, за во 2012, Акин да не’ предизвика со долгометражниот документарен филм „Загадување на рајот“/”Garbage in the Garden of Eden”, а со епскиот филм „Рез“/”Cut”, тргнувајќи од својот турски бекграунд како морална обврска, Акин одважно го апсолвира историскиот синдром за геноцидот врз Ерменците. Со ангажираната драма „Од ништо“/”In the Fade” (кинематограферот Рајнер Клаусман во Компети цијата на Браќа Манаки во 2017 ја освојува Сребрената Камера 300, а во 2018, на 39 Браќа Манаки, Клаусман беше член на интернационалното жири), а потоа го добиваат и Златниот Глобус за најдобар странски филм во 2017 година. Нивниот најнов филм „Златната ракавица“/”Golden Glove” (2019), иснпириран од вистински настан, споредроманот на Хајнц Штрук/Heinz Ѕtrunk ја шокираше и критиката и публиката во Берлин годинава, никого не остави рамнодушен.