Култура

„Медена земја“ од 27 септември ќе се прикажува во кината низ Македонија

Документарецот „Медена земја“ (Honeyland) од 27 септември ќе почне да се прикажува во повеќе градови низ Македонија. Филмот е годинешен македонски кандидат за „Оскар“ и е во трка за најдобар документарец на „Европските филмски награди“. Засега се знае дека филмот ќе се прикажува во Скопје, Кратово, Штип, Крива Паланка, Струга, Битола, Куманово, Свети Николе и Охрид.

На 27 септември (петок) во 20 часот ќе се прикажува во Домот на културата во Кратово и во Домот на млади во Штип. Истиот ден со почеток во 19 часот ќе може да се погледне во НУ Центар за култура – Крива Паланка. На 2 октомври е закажана проекцијата во НУ Центар за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга, со почеток во 19 часот.

На 3 октомври во 20 часот, филмот ќе се емитува во „3D Кино“ во Битола и во МКЦ „КОЗЈАК“ Куманово. Следниот ден (4 октомври) во 19.30 часот документарецот ќе игра во Домот на културата во Свети Николе, а во 20 часот во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид. Наскоро ќе бидат објавени и термини за кинопроекции и во другите градови.

Инаку, покрај веќе редовните проекции во скопското мултиплекс-кино „Синеплекс“ во „Скопје сити мол“, документарецот од 21 септември е на репертоарот и на скопското кино „Милениум“.

Слични статии