Култура

Лауретатот на „Златна камера 300“ за животно дело, Јоргос Арванитис пристигна во Битола

Вториот лаурет на 40 –тото јубилејно издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера, „Браќа Манаки“, добитник на „„Златна камера 300“ за животно дело, Јоргос Арванитис, вчера пристигна во Битола.  Арванитис се смета за еден од најважните европски кинематографери на сите времиња, чија работа ги обликувала филмските визии на генерации синеасти од целиот свет.

Пристигнувајќи во Битола, Арванитис уште еднаш се заблагодари за топлиот пречек и за честа да биде лауреат на оваа престижна награда. Утре, во рамки на фестивалската програма, Арванитис ќе одржи мастер класа која ќе биде отворена за публиката

Наградата „Златна камера 300“ свечено ќе му биде доделена на затварањето на фестивалот „Браќа Манаки“ во сабота на 21 септември.

Слични статии