Константинов: Без оглед на се, треба да се биде љубопитен и постојано да се експериментира
— 15 септември, 2019
Композиторот Љупчо Константинов на 40-то јубилејно издание на фестивалот „Браќа Манаки“ ја прими наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“,на Македонија, Игор Иванов-Изи. По тој повод денеска беше одржана прес конференција на која говореше за неговата љубов кон музиката, пристапот и предизвиците со кои се соочува композиторот во едно филмско дело.
„Музиката почнува таму каде што завршува зборот. Се согласувам со она што го кажале и некои големи автори на филмската музика дека најтешко за композиторот е да дојде до темата и тоа одзема најмногу време“, рече Константинов. Според него, технолошкиот развој не може да ја уништи филмската музика, меѓутоа ја прави понеодржлива.
Во однос на соработките, Константинов вели дека пристапот кај секој режисер е различен. Така, додека еден режисер дозволува самиот тој да си ја постави музиката, друг работи на начин што одредува за која сцена сака музика. Сепак, додава Констатинов, тоа не функционира секогаш на овој начин, бидејќи музиката најавува дека нешто ќе се случи или е реминисценција на дејство или чувство. Композиторот раскажа дека првата љубов со музиката му се родила во Охрид, каде со другарите се собирале и свирел забавна музика на гитара. Во тој период и го засакал филмот.
„Човек мора постојано да се образува и надоградува. На младата генерација денес и е многу полесно. Порано беше тешко да се дојде до партитура, а сега се’ е на интернет. Без оглед на се’, треба да се биде љубопитен и постојано да се експериментира“, заклучи композиторот на денешната средба со новинарите.
Во чест на Љупчо Константинов, вечерва ќе биде прикажан филмот „Среќна нова’49“ во режија на Столе Попов