Култура

Почина професорот по филозофија Стефан Сидовски – Сидо

Почина професорот по историја на филм и теорија на филм, Стефан Сидовски-Сидо, кој предаваше на студентите на ЕСРА, како вонреден професор. Сидовски беше 36 години професор по филозофија во гимназијата „Раде Јовчевски Корчагин“, и го носеше епитетот на мошне инспиративен професор. 

Беше режисер и глумец во своите аматерски филмови, а има и еден краткометражен професионален филм. Сидовски е познат како омилен и инспиративен професор, кој будеше филозофска и прогресивна мисла кај бројни генерации ученици.

Тој е автор на филмовите: Контејнер (2008). Полуден Револуционер (2015), Raison d’etre (2006), Средба (2014), Големиот оратор (2007), C’est la Vie (2016)… Неговиот последен филм, објавен на Јутјуб, е насловен „Последното кафе“.