Култура

Унгарската книжевност е во фокусот на 31. Меѓународен саем на книгата

Меѓународниот саем на книгата кој годинава се одржува по 31-пат, ќе се одржи од осми до 14 мај во во ВИП Арена Борис Трајковски. Саемот ќе го отвори министерот без ресор, Зоран Шапуриќ, што ќе се случи на осми мај, а на отворањето ќе земат збор и академикот  Влада Урошевиќ и претседателката на Друштвото на писател на Македонија (ДПМ) Соња Стојменска Елзесар.

Годинава, Унгарија и унгарската книжевност ќе бидат во фокусот на 31. Меѓународен саем на книгата во Скопје. На специјализираниот унгарски штанд, посетителите ќе имаат можност лично да се сретнат со авторите Едина Сворен и Ласло Багоши, како и со македонските преведувачи на унгарската литература Паскал Гилевски и Златко Панзов на трибина која е закажана за 10 мај. Амбасадaта на Р. Унгарија ќе ги претстави унгарските книжевни дела објавени на македонски јазик во последниве години. Она со што може да се пофали оваа земја е богатата книжевна литература, со многу наградувани автори и литературни дела кои можат да се најдат на полиците ширум светот и дел од нив на годинешниот Меѓународен саем на книгата. Покрај врвните унгарски книги, ќе биде изложена и изложба на илустрации од современи унгарски детски книги. Покрај врвните унгарски книги, за време на саемот ќе биде поставена изложба на илустрации од современи унгарски детски книги.

  • Културата е најдобриот начин да ја доближиме Унгарија пред македонскиот народ со кого имаме четврт век успешни билатерални односи, а Саемот на книгата е еден од најзначајните културолошки настани во областа на книжевноста, а секако покрај книжевноста имаме подготевно низа проекти преку кои ќе се претставиме и тоа во областа на музиката, танцот, фотографијата, гастрономијата и научни сознанија, изјавија од амбасадата на Унгарија во Република Македонија во пресрет на 31. Меѓународен саем.

Околу 70 издавачи од Македонија, Унгарија, Србија, Косово, Албанија, Данска се дел од ова издание на Меѓународниот саем на книгата. Сите значајни издавачки куќи од земјата ќе земат учество и покрај редовните штандови, имаат подготвено програма која изобилува со промоции, тркалезни маси и настани.

По повод оджувањето на Саемот на книга, во соработка со ЈСП, за полесен пристап на посетителите на Саемот на книга, се воведуваат две нови линии, 100 и 200. Линијата 100 ќе сообраќа од населба Ново Лисиче до Арена „Борис Трајковски“, додека линијата 200 ќе сообраќа од населба Дексион до ВИП Арена „Борис Трајковски“. Цените на автобуските билети е според официјалниот ценовник на ЈСП.

Влезница за Саемот на книга чини 30 денари, додека за организирани посети на ученици е 20 денари. Работно време на саемот е од 10.00 до 20.00 часот.

Слични статии