Синоќа на Скопје филм фестивал беа претставени новите кратки македонски филмови
— 21 април, 2019Синоќа во киното „Фросина“ при Младинскиот културен центар, во рамките на програмата македонска продукција, на 22. издание на Скопје филм фестивал, беа прикажани три краткометражни филмови од најновата македонска продукција: „Неонски срца“, „И(с)згубени“ и „Запирка“.
Филмот „Неонски срца“ е во режија на Ана Јакимска, а таа се јавува и како сценарист, е современа приказна за еден средовечен геј маж кој живее двоен живот и почнува да се сомнева дека својата „настраност“ ја вовел во семејството. Со Јордан Симонов во главна улога, дел од актерската екипа се и Гордана Ендровска, Симеон Дамевски, Симон Палитов, Гзим Жерка. „Голема благодарност до целата екипа која се вложи во овој филм и до сите пријатели кои несебично ни помогна“, рече Јакимска. Јакимска веќе имаше успех со својот претходен краток филм „Ќе дојдат децата“ кој беше номиниран за најдобар краток игран филм на Меѓународниот филмски фестивал во Шангај во 2017, а беше прикажан и награден на многу филмски фестивали ширум светот. Таа е автор на два кратки играни филмови („Ќе дојдат децата“, „Надвор е ладно“), еден краток документарен филм („Би се викал Барбара“) и неколку музички видеа.
„И(с)згубени“ на режисерот од Охрид, Антонио Велјановски е филм за осаменоста, надежта и љубовта. Кога осамениот пензиониран лингвист Рудолф (77), оди во поштата, по пат е следен од едно куче од кое не може да се ослободи. Ова ќе доведе до целосна и неочекувана промена во неговиот живот. Главните улоги во филмот ги толкуваат легендарниот чешки актер Јан Качер и позната чешка актерка Марие Дурнова. Авторската екипа на филмот ја сочинуваат: сценарио и режија Антонио Велјаноски; директор на фотографија Владимир Димоски; сценограф и костимограф Катерина Јирманова; Монтажа Лука Џикановиќ и Антонио Велјаноски; композитор Игор Василев Новоградска; продуцент на сет Зоран Вељаноски Летра. Продуцент на филмот е Елена Станишева. Филмот е во копродукција со ФАМУ и ФАМУ Студиото од Чешка.
Во краткиот филм „Запирка“ на режисерот Сезер Салихи е со актерите Анастас Тановски и Синоличка Трпкова. Сценариото е на Салихи и Амед Коркмаз, продуцент е Генц Халими, кој е и директор на фотографија. Режисерот Сезер Салихи завршил филмска режија на Истанбул Комерс Универзитетот, а роден е во Скопје, неговиот претходен краток филм е „Јуџелџилер“. Авторските екипи на филмовите по проекциите се поклонија пред публиката во кино „Фросина“.
Потсетуваме дека утре (понеделник 22.04) по проекцијата на филмот „Киселина“ во 20 часот во кино Фросина, на прашања од публиката ќе одговоара гостинаката на фестивалот, актерката Анастасија Евграфова.
Програма за 21 април:
Кино Фросина
18:00 СВЕТОТ Е ТВОЈ /THE WORLD IS YOURS France, 2018, 94 min.
Режија/Director: Romain Gavras
Улоги/Cast: Karim Leklou, Vincent Cassel, Isabelle Adjani
20:00 ГРЕТА / GRETA Brazil, 2019, 97 min.
Режија/Director: Armando Praça
Улоги/Cast: Marco Nanini, Denise Weinberg, Gretta Sttar
*слободен влез
22:00 ФАРЕНХАЈТ 11/9 FAHRENHEIT 11/9 USA, 2018, 128 min.
документарен филм
Режија/Director: Michael Moore
Улоги/Cast: Jim Acosta, Alexandria Ocasio-Cortez, Ashleigh Banfield
Кинотека на Македонија
19:00 СРЕЌЕН КАКО ЛАЗАРО / HAPPY AS LAZZARO
Italy, Switzerland, France, Germany, 2018, 127 min.
Режија/Director: Alice Rohrwacher
Улоги/Cast: Nicoletta Braschi, Sergi López
21:00 ЛИВАДА / THE MEADOW Macedonia, 1998, 20 min.
Режија/Director: Mitko Panov Улоги/Cast: Meto Jovanovski, Josif Josifovski,
Flora Kadriu
22:00 КЛИМАКС / CLIMAX France, 2018, 96 min.
Режија/Director: Gaspar Noé
Улоги/Cast: Sofia Boutella, Romain Guillermic, Souheila Yacoub
Програмата и распоредот на филмовите и настаните видете ги на http://www.skopjefilmfestival.com.mk/