Годинешниот 72. Кански филмски фестивал ќе го отвори филмот на Џим Џармуш „Мртвиот не умира“
— 19 април, 2019Годинешниот 72. Кански филмски фестивал ќе го отвори филмот на Џим Џармуш „Мртвиот не умира“. Годинава од големите имиња кои доаѓаат со свои филмови во Кан се Теренс Малик („Скриен живот“), Педро Алмодовар („Болка и слава“), Кен Лоуч („Извинете што ве промашивме“), браќата Дарден („Младиот Ахмед“ и Марко Белокио („Предавник“). На Канскиот естивал годинава, кој ќе се одржи од 14 до 25 мај во селекцијата за Златната палма ќе се натпреваруваат четири режисерки. Се уште се очекува да пристигне филмот на Квентин Тарантино „Беше еднаш во Холивуд“, кој, е во фаза на монтирање.
На годинешниот Кан се и канадскиот режисер Ксавиер Долан, кој пред три години ја подели наградата Гран при на жирито со Жан-Лик Годар, се враќа со „Матијас и Максим“, Французинот Арно Деплешан ќе се натпреварува со „О, милост!“, а Романецот Корнелиу Порумбоју со „Свиркачите“.
Паралелните програми 15 дена на авторите (Кензен) и Недела на критиката, што се одржуваат истовремено со фестивалот но технички се вон официјалната селекција, ќе ја објават својата селекција на крајот на месецов.