Култура

Отворен е кастингот за гласови за „Јон Вардар против Галаксијата“

 Aнимираниот филм „Јон Вардар против Галаксијата “ во продукција на „Линкс студиото“ има потреба од гласови за своите јунаци во филмот. Затоа „Линкс“ студиото објави повик за кастинг за гласови на нивната официјална веб страна.

Долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата“ ја раскажува приказната за Јон Вардар, млад неталентиран актер кој е киднапиран од самобендисан робот со наполеонов комплекс по име Зарк. Судбината на целата галаксија е во рацете на овие два антихеројски лика. Нивната авантура е исполнета со многу смешни ситуации кои ќе и се допаднат и на помладата публика, но и на сите љубители на научната фантастика.

Сценариото и режијата се на Гоце Цветановски, а арт дирекцијата е на Михајло Димитриевски – Тхе Мичо. 

„Прочитајте ги индикациите и објаснувањата за ликовите во текстот подолу и снимете ја вашата интерпретација на било каков аудио формат. Вашите апликации испратете ги на contact@lynxanimation.com со назнака „Кастинг Јон Вардар“. Доколку мејлот е потежок од 25 Mb, да се користи платформата www.wetransfer.com. Во името на фајлот задолжително да стои името на кандидатот“, стои во повикот, во кој се ставени за спуштање и текстовите од ликовите во филмот.

 

Слични статии