
„Медена земја“ се најде меѓу 11 филма што ги препорачува „Њујорк тајмс“
— 30 март, 2019Секоја пролет, Музејот на модерната уметност и филмското здружение на „Линколн центарот“ на њујорчани им нудат збир од разновидни филмови, познат како „Нови режисери/Нови филмови“. Оваа година повеќето филмови доаѓаат од интернационални филмски фестивали и изборот вклучува дела што претставуваат социјално свесен реализам, историска фантазија и експериментален документарец, пишува „Њујорк тајмс“.
Нивните двајца главни филмски критичари, Манола Даргис и А.О. Скот, нудат листа од 11 филма што вреди да се погледнат во изборот „Нови режисери/Нови филмови“, а македонскиот документарец „Медена земја“ на Љубомир Стефанов и Тамара Котевска се најде меѓу нив.
Покрај „Медена земја“, листата ги содржи насловите: „Анџело“ (Маркус Шлејнзер, Австрија), „Припаѓање“ (Бурак Џевик, Турција), „Собарката“ (Лила Авилез, С.А.Д.), „Милост“ (Чинонји Чукву, С.А:Д.), „Потопено семејство“ (Лукреција Мартел, Аргентина), „Товар“ (Огњен Главонич, Србија), „Полноќна фамилија“ (Лук Лоренцен, С.А.Д), „Монос“ (Алехандро Ландес, Холандија), „Споделување“ (Пипа Бианко, С.А.Д) и „Приградски птици“ (Киу Шенг, Кина).
Автор:
Слични статии
-
-
-
-
Награда за најдобра кинематографија за Љума и Даут од „Медена земја“
26 јануари, 2020
Последни статии
-
„Еуримаж“ го поддржа новиот филм на Дина Дума со 350 илјади евра
— 27 ноември, 2023Паневропскиот филмски фонд „Еуримаж“ на 170-та сесија, која штотуку заврши и е последна оваа година, го поддржа филмскиот проект на режисерката Дина Дума „Скејтбордингот не е за девојчиња“ со износ од 350.000 Евра. „Оваа година македонската кинематографија финансиски е поддржана и на последната 170-та сесија. Третиот македонски проект кој годинава доби средства е „Скејтбордингот не…
-
АКТУЕЛНИОТ ТЕАТАРСКИ МИГ НА МОТ
— 22 ноември, 2023(Кон 48-то издание на Младиот отворен театар одржано од 8 до 18 ноември 2023 година во Скопје) Театарот со својата актуелност неизбежно станува нераскинлив дел од ткивото на општествените и политички движења особено на овие простори. МОТ веќе скоро пет децении е токму тоа: театарски фестивал кој не потклекнува на ниедно искушение и тој е…
-
Со 32.8 милиони ќе се обновува старотото училиште во Љубојно, темел на нашиот културен и национален идентитет
— 21 ноември, 2023Старото училиште ,,Димитар Влахов” во преспанското село Љубојно ќе се реконструира и ќе се адапира со 32.8 милиони денари. Овие средства во буџетот на Министерството за култура ќе бидат обезбедени во 2024 и во 2025 година. „Владата, Министерството за култура и Завод и музеј Битола презедоа обврска старото училиште во Љубојно да биде обновено и да се ревитализира во чест на македонскитедејци…
-
АВТЕНТИЧНОСТА И АНГАЖМАНОТ НА КОСОВСКИОТ ТЕАТАР
— 20 ноември, 2023(Кон Косовскиот театарски шоукејс, одржан од 24 до 29 октомври 2023 година во Приштина, Косово.) Косовскиот шоукејс е дефинитивно најинтересниот театарски настан кој има за цел да го презентира Косовскио театар на театарските практичари и теоретичари ов Европа и светот, а кој во исто време ја пружа можноста за вмрежување и споделување на идеи и…
-
ПОЧИНА АКТЕРОТ МЕТО ЈОВАНОВСКИ
— 16 ноември, 2023Актерот Мето Јовановски, еден од доајените на македонското глумиште почина на 77 години. Јовановски во 1971 завршил Театарска академија во Софија, Бугарија и истата година се вработил во Драмскиот театар во Скопје. Неговата глумечка кариера започнала на сцената на Народниот театар во Штип, каде настапувал уште пред да се запише на студиите. Оттогаш, за многу…
-
Почина црногорскиот актер Жарко Лаушевиќ
— 15 ноември, 2023Актерот Жарко Лаушевиќ почина денеска на 63-годишна возраст, по кратко и тешко боледување, соопшти во име на семејството неговата втора сопруга Анита Лаушевиќ. За датумот и местото на погребот јавноста ќе биде навремено информирана, пренесува белградска „Политика“. Пред да биде хоспитализиран летово заради проблеми со бели дробови, актерот не сакал да го пропушти продолжението на…
-
“Поол”, “Франкенштајн” и “Роденден” денес на 48 МОТ
— 15 ноември, 2023Денеска на програмата на Млад отворен театар (МОТ) публиката ќе проследи три домашни продукции. Во 18 часот актерите на Театар за деца и младинци (ТДМ) ќе ја одиграат младинската претстава „Франкенштајн“. Претставата е во режија на Кокан Младеновиќ, а играат: Ангела Димитрова, Бојан Кирковски, Матеа Јанковска, Наташа Петровиќ, Ненад Митевски, Никола Наковски и Симона Спировска….
-
МТФ „Војдан Чернодрински“ го започна вториот циклус едукативни театарски работилници
— 14 ноември, 2023Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ го започна вториот циклус од едукативните работилници во рамките на 58. издание на МТФ „Војдан Чернодрински“, коешто започна минатиот викенд во Прилеп. Пет училишта од општината Прилеп, ќе учествуваат во новото театарско-едукативно патување, кое ќе трае во наредните шест месеци, а резултатите од сработеното, ќе ги видиме на претстојното 58….