Филмот „Медена земја“ освои три награди и прогласен за најдобар светски документарец на „Санденс“
— 3 февруари, 2019Македонскиот документарец, „Медена земја“, на фестивалот „Санденс“ што се одржа во Јута, САД, ja доби големата награда на жирито (Grand Jury Prize) за најдобар документарен филм, а на снимателите Фејми Даут и Самир Љума им беше врачена наградaта за најдобра камера, (Special Jury Award for Cinematography). Документарецот го доби и специјалното признание од жирито за влијание за промена (Special Jury Award for Impact for Change). Со победа во три категории, македонскиот филм „Медена земја“ („Honeyland“), во режија на Љубо Стефанов и Тамара Котевска, триумфираше во конкуренцијата за документарци од целиот свет на американскиот филмски фестивал „Санденс“ („Sundance“).
Санденс е основан од легендарниот актер и режисер Роберт Редфорд. Триесет и осмото издание на фестивалот се одржа од 24 јануари до 3 февруари во Парк Сити, а „Медена земја“ се прикажа во програмата со уште 11 филмови.
Премиерата на „Медена земја“ се одржа на 28 јануари во рамки на 38. издание на „Санденс“ во Парк Сити, Јута. По премиерата документарецот доби одлични рецензии од реномираните филмски критичари и медиуми меѓу кои: Ентони Кауфман од „Скрин Интернешнал“ (Screen International), Шери Линден од престижниот „Холивуд Репортер“ (Hollywood Reporter), Гај Лоџ од „Вараети“ (Variety), Крис О’Фалт од „Индивајр“ (Indierwire), Ерик Хајнс од „Филм комент“ (Film Comment), Соња Епштајн од „Слоан сајанс енд филм“ (Sloan Science And Film) и други. Првпат во историјата на реномираната манифестација еден проект е награден со три признанија.
„Медена земја“ беше во официјална конкуренција на најпрестижниот американски фестивал за независни филмови „Санденс“ во категорија со уште 11 други документарци од целиот свет. Ова е првпат македонски долгометражен документарен филм, со мнозинска домашна копродукција, да влезе во конкуренција и да освои награди на „Санденс“, и токму поради ова е од големо значење за македонската кинематографија.
„Медена земја“ раскажува приказна за Атиџе, последната жена-одгледувач на диви пчели во Европа, која живее сама со својата мајка во централна Македонија. Главна идеја на филмот е да се прикаже припадноста на човекот кон природата и нарушување на природната рамнотежа преку судир на два различни начина на искористување на Земјините ресурси.
Продуцентот и монтажер на филмот е Атанас Георгиев, музиката ја направија членовите на групата „Фолтин“, а како музички супервизор се јавува Рана Еид од „ДБ Студиос“ (DB Studios) од Бејрут. Документарецот, кој е во продукција на „Аполо медиа“ и „Трис филмс“, е реализиран како дел од Програмата за зачувување на природата во Македонија – проект на Швајцарската агенција за развој и соработка, координиран од „Фармахем“, а поддржан е и од Агенцијата за филм на Република Македонија.
Годинава филмот го очекуваат презентации на значајни светски фестивали. Премиерата во Скопје ќе се одржи на почетокот на март, а детали околу датумот и местото на одржување ќе бидат соопштени по враќањето на екипата од САД.
Автор:
Слични статии
-
-
„Медена земја“ меѓу 11-те филмови на годината во Австралија
26 декември, 2020 -
-
Последни статии
-
Љутков: Посебен акцент во Стратегијата е ставен на младите и нивното активно учество во културниот живот
— 12 мај, 2026Во организација на Министерството за култура и туризам, вчера, во Музејот на македонската борба за самостојност се одржа јавна расправа по Предлог-текстот на Националната стратегија за развој на културата за периодот 2026–2030 година, на која министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, ја истакна важноста на културата како двигател на општествениот, економскиот и демократскиот развој…
-
39. изложба „Студентска графика Драгутин Аврамовски Гуте“ денеска во Сули-ан
— 6 мај, 2026Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Катедрата за графика и трансмедиумски практики и Фондацијата „Драгутин Аврамовски-Гуте“, во Сули Ан во 19:30 часот, по 39 пат ја организираат изложбата СТУДЕНТСКА ГРАФИКА – ДРАГУТИН АВРАМОВСКИ – ГУТЕ. На отворањето на изложбата ќе биде доделена наградата за најуспешно графичко дело реализирано во…
-
Националниот џез оркестар на 5 мај во Брисел на Денови на македонска култура
— 4 мај, 2026Во рамките на манифестацијата „Денови на македонската култура“ која се одржува во Белгија, Националниот џез оркестар ќе настапи на 5 мај во престижниот културен центар „BOZAR“ во Брисел, со својата програма „Македонски сновиденија“. „Macedonian Dreams“ („Македонски сновиденија“) е уникатна фузија на македонски фолклорни мотиви и современ џез, вистинска музичка приказна која Националниот џез оркестар со…
-
Во петок, 8 мај, ќе се отвори Македонскиот национален павилјон во Венеција
— 4 мај, 2026Во Венеција пристигна уметничкиот тим што ќе ја претставува Македонија на 61. Биенале за уметност. Венециското биенале, веќе 130 години е една од најпрестижните културни институции во светот. Првата Меѓународна уметничка изложба била организирана во 1895 година. Отворањето на Македонскиот национален павилјон е закажано за петок, 8 мај, во 18.30 часот, каде ќе биде изложен…
-
Со балетот „Лебедово езеро“ во изведба на Националната опера и балет почнуваат „Деновите на македонската култура“ во Белгија
— 2 мај, 2026Со балетската класика „Лебедово езеро“ во изведба на НУ Национална опера и балет во Антверпен, денес свечено започнуваат „Деновите на македонската култура“ во Белгија , престижна манифестација што ја претставува македонската уметност во нејзиното најрепрезентативно и најсјајно издание пред европската публика. Националната опера и балет настапува со едно од највеличествените дела на класичниот репертоар, потврдувајќи…
-
Промоција на наградениот филм „Малдорор“ се заокружува со три проекции во Кинотека
— 7 април, 2026Промоцијата и дистрибуцијата на филмот „Малдорор“ од Фабриц ди Велц кој се прикажуваше изминатиов период во кинатата низ регионот, во Македонија го заокружуваме со три проекции (7, 8 и 9 април) во Кинотека. Филмот ја освои наградата на публиката на Јадранската мрежата на фестивали (Adriatic Audience Award), која беше доделена на 31. издание на Фестивалот на…
-
Почна снимањето на новиот филм на Небојша Јовановиќ
— 31 март, 2026Небојша Јовановиќ викендов го почна снимањето на својот нов филм со работен наслов „И Божана сака чоколадо“, копродукција меѓу Македонија, Србија и Молдавија, работен по сценарио на Ева Камчевска и Небојша Јовановиќ. -Ова е храбар филм за немоќта на едно општество да се осознае, за последиците од неприфаќањето на сопствените и изборите на другите, за…
-
Промоција на „Страв од чекорење“ од Ѕвездан Георгиевски
— 24 март, 2026Во бистрото „Комедија“ во Скопје, утре на 25 март, со почеток во 18 часот, ќе се одржи промоција на романот „Страв од чекорење“, од Ѕвездан Георгиевски. Книгата е во издание на „Бегемот“, 2025 година. Промотор на романот ќе биде Војо Љ. Цветановски, пантомимичарски етиди ќе изведе Дарко Вељиќ, делови од романот ќе чита Енџи Николоска,…












