
Почина големиот српски режисер Душан Макавеев
— 25 јануари, 2019Познатиот српски режисер Душан Макавеев почина денеска во 82 година од животот. Тој создаде филмови кои го критикуваа гнилото општество, како комунистичкото, така и капиталистичкото. Негови филмови се: „Парада“ (1962), „Човекот не е птица“, „Љубовен случај или трагедијата на поштенската службеничка“ (1967), „Невиност без заштита“ (1968), „Ми недостига Соња Хени“ (1972) и други. Душан Макавеев е роден на 13 октомври 1932 година во Белград. Дипломирал психологија на Филозофскиот факултет во Белград. . Душан Макавеев kако голем познавач на делата на психологот Вилхелм Рајх, често ги користел неговите учења во филмовите. Неговиот филм „Мистерии на организмот“ (1971) бил токму посветен на овој никогаш доволно признат револуционер-психолог.