Објавени номинациите за „Оскар“ 2019: „Рома“ и „Претседател“ имаат по 10 номинации
— 24 јануари, 2019Американската Академија за филмски уметности и науки денес ги соопшти номинациите за 91-то издание на најпрестижните филмски награди што ќе се одржи на 24 февруари. Кандидатите за „Оскар“ ќе се натпреваруваат во 24 категории. Најмногу номинации оваа година добија филмовите „Рома“ и „Фаворитот“ – секој од нив по десет. „Фаворитот“ на грчкиот режисер Јоргос Лантимос и „Рома“ на Алфонсо Куарон ќе се борат за десет Оскари на претстојното доделување на најпрестижните филмски награди, додека „Ѕвездата е родена“ и блокбастерот „Блек Пантер“ добија осум, односно седум номинации. Покрај нив, за најдобар филм конкурираат и „Црниот член на Кју-Клукс-Клан“, „Боемска рапсодија“, „Зелена книга“ и „Потпретседател“.
Бредли Купер („Ѕвезда е родена“), Кристијан Бејл („Потпретседател“), Рами Малек („Боемска рапсодија“), Виго Мортенсен („Зелена книга“) и Вилем Дефо („Пред портите на вечноста“) се номинирани за најдобар актер, а во женска конкуренција тоа се Глен Клоуз („Сопруга“), Леди Гага („Ѕвезда е родена“), Мелиса Мекарти („Ќе ми простиш ли некогаш?“), Оливија Колман („Фаворитот“) и Јалица Апарисио („Рома“).
Номинациите по категории се за следниве филмови:
Најдобар филм
„Рома“
„Црниот пантер“
„Црн член на Кју-клукс клан“
„Боемска рапсодија“
„Фаворитот“
„Зелената книга“
„Ѕвездата е родена“
„Заменик“
Најдобар актер во главна улога
Кристијан Бејл, „Заменик“
Бредли Купер, „Ѕвездата е родена“
Вилем Дафо, „На портите на вечноста“
Рами Малек, „Боемска рапсодија“
Виго Мортенсен, „Зелената книга“
Најдобра актерка во главна улога
Јалица Апарисио, „Рома“
Глен Клоуз, „Сопругата“
Лејди Гага, „Ѕвездата е родена“
Оливија Колман, „Фаворитот“
Мелиса Мекарти, „Ќе ми простиш ли некогаш?“
Најдобар актер во споредна улога
Махершала Али, „Зелената книга“
Адам Драјвер, „Црн член на Кју-клукс клан“
Ричард И. Грант, „Ќе ми простиш ли некогаш?“
Сем Роквел, „Заменик“
Најдобра актерка во споредна улога
Ејми Адамс, „Заменик“
Марина де Тавира, „Рома“
Реџина Кинг, „Ако улицата Бил можеше да зборува“
Ема Стоун, „Фаворитот“
Рејчел Вајс, „Фаворитот“
Најдобар странски филм
„Капернаум“
„Студена војна“
„Крадци“
„Never look away“
„Рома“
Најдобра оригинална песна
„All The Stars“, „Црниот пантер“
„I’ll Fight“ – „RBG“
„Shallow“ – „Ѕвездата е родена“
„The Place Where Lost Things Go“ – „Мери Попинс се враќа“
„When A Cowboy Trades His Spurs For Wings“ – „Баладата за Бастер Скрагс“
Најдобар анимиран филм
„Неверојатните 2“
„Остров на кучињата“
„Мираи“
„Ралф го крши интернетот“
„Спајдермен: Во Спајдер-верзумот“
Најдобро адаптирано сценарио
„Баладата за Бастер Скрагс“
„Црн член на Кју-клукс клан“
„Ќе ми простиш ли некогаш?“
„Ако улицата Бил можеше да зборува“
„Ѕвездата е родена“
Најдобро оригинално сценарио
„First Reformed“
„Зелената книга“
„Рома“
„Фаворитот“
„Заменик“
Најдобар режисер
Алфонсо Куарон, „Рома“
Павел Павликовски, „Студена војна“
Спајк Ли, „Црн член на Кју-клукс клан“
Адам Мекеј, „Заменик“
Јоргос Лантимос, „Фаворитот“