Култура

Европска агенција за животна средина: Македонија е најзагадена земја во Европа

Македонија се најде на врвот на листата на најзагадени земји во Европа, покажа извештајот на Европската агенција за животна средина.

„Македонија е рангирана како најзагадена земја во Европа со загадување до десет пати над препорачаните нивоа. Ова го покажува Европската агенција за животна средина. Густиот сообраќај и употребата на печки за греење предизвикуваат зголемување на загадувањето на воздухот и сè повеќе луѓе бараат лекарска помош“.

Според податоците, Македонија била најзагадена земја на стариот континент но во периодот 2015-2016 година, од кои се земени податоците. Што сепак не значи дека денес состојбата е многу подобра.

Извештајот на Европската агенција констатира дека Македонија, заедно со Косово, Србија, Бугарија и Унгарија, има највисока стапка на смртност на 100 илјади жители како резултат на загадувањето со ПМ2,5 честички. Во Македонија стапката на смртност во 2015 година изнесувала, на европско ниво, убедливо највисоки 28,7 на 100 илјади граѓани. За споредба, стапката на ниво на ЕУ членките е 13,9. Според статистиките на ЕУ, тоа значи дека во Македонија биле загубени 1.469 животни години поради загаденоста во 2015.

Телевизиската мрежа додава дека Владата презела амбициозна цел за подобрување на квалитетот на воздухот за 50% во рок од две години. Со планот се предвидува намалување на загадувањето во Скопје за 50 проценти до 2020 година, а во другите градови за 30 до 50 проценти.

Извор: Euronews

Автор:

Слични статии