Култура

Креативниот филм денес е побитен од било кога

Уметноста не би смеела да има граници и во тоа е нејзината цел, рече меѓу другото специјалната гостинка на денешната прес-конференција по повод отворањето на 3. Меѓународен фестивал на дебитантски филм „Киненова“ којшто започнува утре вечер со проекцијата на филмот на Јане Бојаџи „Ругање со Христос“ во киното Милениум. Креативниот филм е многу битен денес од било кога порано. Денес промените се многу побрзи од порано и  прашањето е како филмот може да се носи со тие промени, особено затоа што денес повеќе од кога било филмот треба да се соочи со проблемите на денешницата и тие преку филмот да стигнат до публиката Денеска сме сведоци и на многу поголема цензура отколку во 1980-тите и 1990-тите, но и на автоцензура кај авторите, што е далеку многу полоша од самата цензура. Сепак, таа смета дека слободата ја носиме во себе но, до каде ќе дотуркаме зависи исклучиво од нас, рече познатата актерка.

На отворањето  утревечер во киното Милениум, на Аница Добра ќе и биде врачена наградата за особен придонес во филмската дејност, а таа денес заблагодарувајќи се рече дека оваа награда е ода за филмот и за сите луѓе што се занимаваат со него. Оваа 55-годишната актерка зборуваше и за уметноста пред 30 години се до денес, за нејзините ангажмани и за ангажманите во Германија, коишто започнале уште во 1988 кога германски продуценти ја „откриле“ во филмот „Веќе видено“ прикажан на фестивалот во Пула, без да знаат дека таа го зборувала германскиот јазик. 

– Го сакам тој азил во театарот, каде играм улоги кои ми се при срце и се одличен тренинг за што било што ќе дојде подоцна, рече Добра. Додаде дека Белград и е базата во која секогаш се враќа од честите патувања во Германија. Од работа на филм во Баварија се вратила пред неколку дена.

Задоволство и е и кога работи со млади кои, како што рече, се посупериорни денес – „во ова неблагодарно време за уметноста“. Работи со студенти кои, рече, ја враќаат кон корените. – Некогаш беше чудно на аудиција да се појави актер што умее и да пее. Денес младите и пеат, и зборуваат по три-четири странски јазици, јаваат коњи и умеат да готват во исто време. Верувам се повеќе во младите кои можат многу работи да прават одеднаш. Младите ни се единствената надеж . Тие ќе го најдат свој пат зашто тие се од ова време и го живеат ова време. Ние тешко се приспособуваме, рече Добра.

Се потсети и на филмовите од времето на рокенролот во кои, рече, го антиципирале она што доаѓа – турбофолкот. Рече мислеле дека прават нешто што е само филмски и не верувале дека времето што доаѓа е уште пореално од она што сакале да го претстават. На прашањето за нејзините пејачки способности во „Црни бомбардер“, актерката одговори дека помош и биле „Електрични оргазам“ и Влада Дивљан.

– Не сум пејачка, но полесно пеам кога имам актерска задача, рече актерката и заклучи дека успехот во кариерата веројатно се должи и на тоа што во вистинско време среќавала вистински луѓе на вистинско место.

На прес-конференцијата на фестивалот денеска режисерот Бојаџи ги покани сите што ќе може да дојдат до билет да го видат неговиот филм, за кој рече досега се зборувало само според она што го прикажува трејлерот. Рече дека сложено е прашањето дали ќе има ли ќе нема влезници за филмот затоа што, за разлика од минатите изданија, овојпат МКЦ на фестивалот му отстапил само десет влезници, а останатите се на продажба на билетарницата на „Милениум“.

– Кој може да дојде, нека види. Може утрешната ќе биде единствена проекција на филмот. Имавме намера да биде прикажан и во други градови низ дражавата, но тоа станува невозможна мисија, рече Бојаџи кој за фимот не сакаше да каже повеќе од она што, рече, толку многу го кажувал во изминатот месец.

Директорот на „Киненова“ Небојша Јовановиќ рече дека влезниците се во слободна продажба од по 100 денари, а Младинскиот културен центар (под чија надлежност е кино „Милениум“) го ограничил фестивалот и му отстапил само десет влезници. Како организатори, фестивалот треба да ги купи билетите за екипата, за членовите од жирито, за медиумите…

 

„Ругање со Христос“ е меѓу осумте филмови во официјалната селекција на овој фестивал кој е посветен на дебитантскиот филм. Бил избран зашто го исполнува критериумот да е дебитантски и поради заложбата на „Киненова“ да има и македонски дебитантски филм во програмата.

На првата прес-конференција пред една недела, Јовановиќ рече дека го селектирале пред реакцијата од Министерството за култура кое филмот го оцени како скандалозен и контроверзен, дека тенденциозно игра со историјата и му наштетува на соживотот. Филмот освои награда во Монтреал, селектиран е и за Торонто, во Македонија не е прикажан досега и е достапен само трејлерот.

– Воопшто не го знаевме ниту го предвидовме тој општествен контекст околу филмот. Се водевме според принципите на квалитетот на филмот и дали заслужува да биде во натпреварувачката селекција. Сметавме дека заслужува и дека е необичен и храбар авторски филм во смисла на филмска нарација. Темата што ја обработува е регионална, од балакнскиот контекст, и воопшто не е фокусиран на она што можеби трејлерот го претставува. Нема нешто од што некој може да биде навреден или да се плаши. Секако, би ја поминал нашата цензура на фестивалот доколку сметавме дека има нешто проблематично во содржината, рече Јовановиќ, кој тогаш рече дека ќе го поканат и министерот за култура и дека очекува да спласне тензијата по премиерата. 

На прес-конференцијата на фестивалот денеска режисерот Бојаџи ги покани сите што ќе може да дојдат до билет да го видат неговиот филм, за кој досега се зборуваше од она што беше видено од трејлерот. Рече дека сложено е прашањето дали ќе има ли ќе нема влезници за филмот затоа што, за разлика од минатите изданија, овојпат МКЦ на фестивалот му отстапил само десет влезници, а останатите се на продажба на билетарницата на „Милениум“.

– Кој може да дојде, нека види. Може утрешната ќе биде единствена проекција на филмот. Имавме намера да биде прикажан и во други градови низ дражавата, но тоа станува невозможна мисија, рече Бојаџи.  Директорот на „Киненова“ Небојша Јовановиќ рече дека влезниците се во слободна продажба од по 100 денари, а Младинскиот културен центар (под чија надлежност е кино „Милениум“) го ограничил фестивалот и му отстапил само десет влезници. Како организатори, фестивалот треба да ги купи билетите за екипата, за членовите од жирито, за медиумите…

„Ругање со Христос“ е меѓу осумте филмови во официјалната селекција на овој фестивал кој е посветен на дебитантскиот филм. Бил избран зашто го исполнува критериумот да е дебитантски и поради заложбата на „Киненова“ да има и македонски дебитантски филм во програмата.

На првата прес-конференција пред една недела, Јовановиќ рече дека го селектирале пред реакцијата од Министерството за култура кое филмот го оцени како скандалозен и контроверзен, дека тенденциозно игра со историјата и му наштетува на соживотот. Филмот освои награда во Монтреал, селектиран е и за Торонто, во Македонија не е прикажан досега и е достапен само трејлерот.

 

Tagged with:

Слични статии