Култура

Меѓународниот фестивал на дебитантски филм „Киненова“ – ќе го отвори „Ругање на Христос“

 Третото издание на „Киненова“ –  Меѓународен фестивал на дебитантски филм, кој годинава се одржува под мотото „Првиот никогаш не се заборава“ ќе го отвори дебитантскиот игран филм на Јани Бојаџи „Ругање на Христос“, што ќе биде и негова македонска премиера по светската во Монтреал. Фестивалот започнува на 3 октмвриу и ќе трае до 12 истиот месец, а „Ругање со Христос“ ќе биде прикажан на 5 октомври во киното „Милениум“  и е еден од осумте филма во официјалната програма, меѓу кои  пет се од Европа, еден од Иран и еден од Перу. Овие филмови ќе бидат во трката за наградите за, најдобар дебитантски филм, најдобар режисер, најдобро сценарио и специјална награда од меѓународното жири. 

  • Педесетина исклучителни филмови се пријавија, а наш императив беше да ги пронајдеме оние кои бескомпромисно се борат за зачувување на слободното уметничко изразување и не тргуваат со уметничкиот или личен интегритет, рече директорот на Киненова, Небојша Јовановиќ.

Сцецијален гостин на „Киненова“ ќе биде сценаристот и режисер од Турција Зеки Демиркубуз кој е и член на жирито, а ќе бидат прикажани четири негови филмови. Тој ќе одржи и мастеркласа во Кинотека, каде што, исто така, мастеркласа ќе одржи и хрватскиот сценарист Анте Томиќ – за трикови во пишувањето филмски дијалози. На фестивалот ќе има уште една специјална гостинка која организаторите ќе ја соопштат дополнително и ќе и биде врачена награда за особен придонес во филмската уметност на отворањето на „Киненова“.

Селекторот Игор Анѓелков на денешната прес конференција истакна дека било тешко да се направи избор поради плодната продукција и затоа што, рече, има многу дебитанти кои храбро влегуваат во своите први или втори остварувања и обработуваат теми на свој начин. 

  • Општо познат е фактот дека постојат „добри“ и „лоши“ години за филмот, а ние, за среќа се наоѓаме во период кога се снимени безброј прекрасни дебитантски остварувања и изборот навистина беше тежок, но и сладок, а крајниот резултат фантастичен, на задоволство на сите, рече Анелков. 

Главен програмски стожер се неколкуте наградувани филма од европската кинематографија: рускиот „Блискост“ на Кантимир Балагов, од унгарската кинематографија „Цветна долина“  на Ласло Чуја, филмот „Гутланд“ , еден искрен авторски одговор на култниот „Догвил“ на Ларс фон три,  кој доаѓа од Луксембург, од каде имаме ретка можност да гледаме филмско дело. Од бугарската кинематографија ни доаа филмот „Ага“ на Милко Лазаров, кој летово ја доби главната награда „Срцето на Сараево на филмскиот фестивал во овој град и  турскиот филм „Крадци на гулаби“. Од одличната иранска кинематографија е филмот „Без наслов, без потпис“

Во рамки на фестивалот првпат во Македонија ќе биде претставена норвешката кинематографија со проекција на пет филма, од кои два од  најпознатиот режисер на таа земја – Ерик Попе. Ќе има и „Балканска филмска програма“, проекции на двата први филма на Ингмар Бергман од 1946 година („Криза“ и „Кризата во нашата љубов“)  по повод 100 години од неговото раѓање, детска филмска програма, како и две работилници – за филмска анимација наменета за деца со посебни потреби и работилница во соработка со УНИЦЕФ за зголемување на свесноста за ненасилство врз деца.

„Ругање со Христос“ бил избран зашто го исполнува критериумот да е дебитантски и поради заложбата на „Киненова“ да има и македонски дебитантски филм во програмата. Го селектирале  пред реакцијата од Министерството за култура кое филмот го оцени како скандалозен и контроверзен, дека тенденциозно игра со историјата и му наштетува на соживотот. Филмот освои награда во Монтреал, селектиран е и за Торонто, во Македонија не е прикажан досега и е достапен само трејлерот.

Игор Анѓелков, програмски директор на Фестивалот објасни дека филмот на Бојаџи бил селектиран за отворањето на Киненова уште пред тој да ја има светската премиера на Фестивало во Монтреал од каде што се врати со награда. 

Темата што ја обработува е регионална, од балканскиот контекст, и воопшто не е фокусиран на она што можеби тејлерот го претставува, истакна  директорот на „Киненова“ Небојша Јовановиќ. Нема нешто од што некој може да биде навреден или да се плаши. 
  • Воопшто не го знаевме ниту го предвидовме тој општествен контекст околу филмот. Се водевме според принципите на квалитетот на филмот и дали заслужува да биде во натпреварувачката селекција. Сметавме дека заслужува и дека е необичен и храбар авторски филм во смисла на филмска нарација. Инаку филмот не би поминал кај фестивалската цензура доколку имаше нешто проблематично во содржината, рече Јовановиќ кој рече очекува да спласне тензијата по македонската премиера на филмот, за која ќе го поканат и министерот за култура.

Проекциите на Киненова ќе се одржуваат во кино „Милениум“, „Фросина“ во Младинскиот културен центар (МКЦ) и Кинотека на Македонија. Планирано е да се одржат и два мастер-класа, со специјалниот гостин од Турција, сценаристот и режисер Зеки Демиркубуз, кој е и член на жири-комисијата и Хрватот Анте Томиќ, сценаристот на веќе култниот филм „Устав на Република Хрватска“ на Рајко Грлиќ. Демиркубуз ќе одржи мастер-клас на темата „Иднината на светскиот независен филм“, а Томиќ ќе предава за неколку мали трикови за пишување на филмски дијалози.

Слични статии