Култура

„Браќа Манаки“ се отвора со филмовите на Игор Иванов-Изи и Роџер Дикинс

Триесет и деветтото издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“  ќе го отвори краткиот филм „Љубовникот“ на режисерот Игор Иванов-Изи и   „Истребувач 2049“ во чест на британскиот оскаровец Роџер Дикинс, кој е годинашен добитник на наградата Златна Камера 300 за животно делово.  Годинава, во главната програма се селектирани 12 филмови од различни кинематограферски генерации а во 14 програми ќе се прикажат над 95 долгометражни, документарни и кратки филмови.

На свеченото отворање  ма Фестивалот кој ќе се одри од 22 до 29 септември во Битола, на македонската и театарска актерка Милица Стојанова ќе ѝ биде врачена наградата Голема ѕвезда, што ја доделува Друштвото на филмски професионалци на Македонија.

„Годинава наградата ја доделуваме на една легендарна филмска актерка која се  појавува во филмовите на Кирил Ценевски, Милчо Манчевски, Столе Попов. Може да ја видите во „Исправи се Делфина“ , „Среќна нова 49“,  „Пред дождот“,  “Оловна бригада“,  пред  некоја  година  во  „Три дена во септември“  на  Даријан  Пејовски  и во краткиот филм  „Види ја ти неа“  што  доби  награда  на  фестивалот  во Санденс. Во 60-годишната професионална актерска кариера, 86-годишната  Стојанова  имала  стотици  театарски улоги, како и  значаен  број  филмски  и телевизиски, а најчесто играла лик на мајка, рече режисерот Игор Иванов-Изи, претседател на ДФПМ. Досегашни добитници се: Кирил Ценевски, Милчо Манчевски, Дарко Марковиќ и Сајмон Пери од Велика Британија.

„Добивме коментари зошто оваа награда оди за Милица која не е позната како актерка на главни улоги. Осумдесет и шестгодишната актерка која е 60 години на филмското платно, има играно во филмовите од ‘Фросина’, ‘Исправи се, Делфина’, „Тетовирање“, ‘Среќна Нова’ 49′, па сѐ до новите како ‘Три дена во септември’. Ја наградуваме и поради фактот дека жената во македонските филмови е многу ретко претставувана како главен лик. Ќе откријам и еден помалку познат факт за пошироката јавност, а тоа е дека Милица го позајмува гласот за 90 отсто од македонските филмови каде играле српски и хрватски актерки“, рече претседателот на ДФРМ, Игор Иванов-Изи.

На прес-конференција на која беше соопштена фестивалската програма, уметничкиот директор на фестивалот, Благоја Куновски, рече дека сите селектирани филмови биле во компетитивните програми на трите најголеми фестивали Кан, Берлин и Венеција и еден од Карлови Вари. Одлуката за трите награди ќе ја донесе петчлено меѓународно жири кое, рече Куновски, ќе има тешка задача поради силната конкуренција. Куновски  ја најави селекцијата за главните награди: „Фокстрот“ на режисерот Самуел Маоз и кинематограферот Ѓора Бејач, „Студената војна“ на Павел Павликовски и Лукаш Жал, „Транзит“ на Кристијан Пецолд и Ханс Фром, „Пепелта е најчисто бело“ на Џја Џанг-ке и Ерик Готје, „Лето“ на Кирил Серебреников и Владислав Опелијанц, „Нико“ на Крисетл Фурние и Сузана Никјарели, „Горење“ на Чанг-донг Ли и Кионг-пуо Хонг, „Ага“ на Милко Лазаров и Калојан Божилов, „Девојка“ на Лукас Донт и Франк ван ден Ееден, „Зимски муви“ на Олмо Омерзу и Лукас Милота, „Недвижен имот“ на Манс Мансон како корежисер и кинематографер и „Црниот член на Кју-Клукс-Клан“ на Спајк Ли и Чејс Ирвин.

 –  Оваа  година  почина  нашиот  лауреат од 2016 година,  кинематограферот  Роби Милер  и  во негова чест  ќе биде прикажан документарниот филм  за  него,  кој пред неколку  денови ја имаше светскта премиера во Венеција,  а во Битола  ќе дојде неговата  сопруга и авторите на филмот.  Годинава внесуваме  и една  нова програма „Полноќен  јавач“,  која ќе има  едукативен карактер,  особено  ќе биде интересна  за младите и  заради жанрот на хоротот  а низ мајсторството  на филмските класици. Програмата ќе ја води  Микеле ди Анџелис, режисер и сценарист  од Италија. Фестивалот поминува низ интензивен период на подготовки – посочи директорката  на ИФФК „Браќа Манаки, Гена Теодосиевска.

Директорката Евгенија Теодосиевска рече дека од април интензивно работат на подготовката на фестивалот кој покрај познатите филмски програми годинава ќе има и нова – „Полноќен јавач“ во селекција на Микеле ди Анџелис. Ќе има полноќни проекции на филмски класици – мајстори на хоророт.

Во програмата документарни филмови, селектирани од Теодосиевска и Марија Џиџева, ќе има осум филмови, меѓу кои новиот филм на Вим Вендерс – интригантен филмски портрет на папата Франциско, ЦЕРН – филм за врската меѓу убавината и науката, „Крв и песок“ со дискусија за мигрантската криза…

Кратките филмови се по избор на Даријан Пејоски и Марија Апчевска и во оваа програма ќе има девет остварувања од осум земји. Седум филмови ќе има во програмата „Перспективи на европскиот филм“ во селекција на Слаѓан Пенев, а во ревијалната програма „МК поинт“ во селекција на Ана Василевска ќе има 20 филмови – кратки, документарни и анимирани од македонската продукција.

Директорката на фестивалот Гена Теодосиевска рече  дека во главната програма се селектирани 12 филмови од различни кинематограферски генерации, и дека во 14 програми ќе се прикажат над 95 долгометражни, документарни и кратки филмови.

Во чест на италијанската и светска актерка, филмската дива Клаудија Кардинале, која е лауреат на специјалната Златна Камера 300 за особен придонес во светската филмска уметност, на вториот фестивалски ден ќе се прикаже нејзиниот нов филм „Благословени лаги“. Фестивалот ќе заврши на 29 септември, со проекциите на краткиот „Скаут“ на Алекс Цветков и на „Црниот член на Кју-Клукс-Клан“ на Спајк Ли.

Фотографии на Андреј Блажевски

Слични статии