Култура

Познати имиња и квалитетна програма на претстојното 39. издание на ИФФК „Браќа Манаки“

Исклучително квалитетна филмска програма и големи имиња на светската кинематографија, кои ќе бидат гости во Битола, ќе го обележат 39. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, кое ќе се одржи од 22 до 29 септември во Битола.

Од ИФФК „Браќа Манаки“ нформираат дека годинава е зголемен  бројот на програми и ќе им вкупно 14 програми а проширен е и кругот на селектори кои ги обликуваат програмите: Гена Теодосиевска, годинава во изборот на документарната програма соработуваше и Марија Џиџева. Режисерите Даријан Пејовски и Марија Апчевска се селектори на кратките филмови кои се натпреваруваат за Малата златна камера 300, додека филмскиот критичар Слаѓан Пенев,  ги селектираше филмовите во програмата „Перспективи на европскиот филм“.

Новина е програмата „Филмски класици – Полноќен јавач“, која вклучува филмови од свет­ска­та фил­мска анто­ло­гија, за кои помла­да­та ге­не­ра­ци­ја има читано или слуш­на­то.. Селектор на програмата е ита­лијан­ски­от ре­жи­сер, кој живее во Би­тола, Ми­ке­ле де Ан­ѓе­лис, а  публиката ќе има можност да види четири филма од хорор-жанрот во полноќните фестивалски часови.

„Во глав­на­та прог­ра­ма пак, се вклучени нај­но­ви­те фил­мски про­дук­ции на го­ле­ми­те мајстори на фил­мска­та фо­тог­ра­фија, што ја фас­ци­ни­раа пуб­ли­ка­та и кри­ти­ката, во селекција на Бла­го­ја Ку­нов­ски – Доре.

  • Оваа година, особен акцент и фокус ќе би­де ставен на сту­ден­тска­та прог­рама, ко­ја ја промовиравме по­следни­ве две го­дини. Сту­ден­ти­те ве­ќе не слу­жат са­мо ка­ко де­кор на фестивалот, тие се ак­тив­ни учесни­ци и има­ат свое мес­то во фести­вал­ска­та прог­рама. Годинава ќе има­ме сту­ден­ти од 15 филмски ака­де­мии, најмногу до сега од почетокот на основањето на фестивалот, а тие доаѓаат со свои фил­мови, по чии про­ек­ции ќе има дис­ку­сии и раз­го­вори. За сту­ден­ти­те подгот­ву­ва­ме и сред­би со фил­мски­те ав­тори, кои со нив ќе ги спо­де­лат сво­и­те искуства. Оваа прог­рама, на ко­ја ин­сис­ти­рав по мо­е­то назна­чу­ва­ње за умет­нич­ки ди­рек­тор пред две го­дини, ја ко­орди­ни­ра и ја раз­ви­ва Ѓор­ѓи Пу­лев­ски “, вели Гена Теодосиевска, директорката на Фестивалот.

И оваа година ќе биде изработен фестивалскиот промотивен видео спот,  под режисерската палка на Вардан Тозија. ,

За ИФФК „Браќа Манаки“

Интернационалниот фестивал на филмската камера “Браќа Манаки“ е првиот и најстар светски филмски фестивал посветен на креативноста на светските кинематографери. Започна во 1979 година по иницијатива на еден од главните основачи – Друштвото на филмските професионалци на Македонија (кое годинава ја одбележува и својата 65-годишнина),а  во соработка со градот- домаќин Битола и Кинотеката на Македонија. Основан е во чест и како инспирација од пребогатиот фотографско-филмски опус на браќата Манаки: Јанаки (1878-1954) и Милтон (1880-1964, кому воедно годинава му одбележуваме и 135 години од раѓањето). Со тоа биле удрени темелите на идниот фестивал, во градот под Пелистер, Градот на конзулите – Битола, каде што браќата Манаки имале фотографско студио и кино.

На почетокот замислен како Манакиеви средби, а потоа и фестивал на филмската камера на eксјугословенските кинематографери, фестивалот растеше со голем потенцијал, а по независноста на Република Македонија, прогласена на 8 септември 1991, прерасна во Интернационален фестивал на светските кинематографери, чии играни филмови се во конкуренција за трите фестивалски награди: Златната, Сребрената и Бронзената камера 300.

www.manaki.com.mk

Слични статии