Само со срцето добро се гледа – Сант Егзипери во „Малиот Принц“
— 29 јуни, 2018”Само со срцето добро се гледа. Најважното е невидливо за очите, порачува Антоан де Сент Егзипери во “Малиот Принц”, една од најпопуларните книга досега. Тоа е нежна приказна за моќта на љубовта, која постојно ги освојува детските срца. Роден а денешен ден, 29 јуни 900 година во Лион, Франција, Пред Втората светска војна тој бил добро платен пилот. Пред крајот на војната се придружил на француските возздухопловни сили и летал во извидувачки мисии се до склопување на примирје со Германија. .Летањето ќе се претвори во негова пасија. Неговиот краток живот од 43 години, ќе биде исполнет со летање и пишување. Во САД е приклучил на Слободните француски сили. Изчезнал во јули 1944 година во текот на еден извидувачки лет над Медитеранот.
Егзипери уште како ученик најголем интерес покажувал кон астрологијата и литературата. Роден е во Лион во 1900 година. Останал рано без татко, кого го памети само од фотографиите. Мајка му уште од најрана возраст се трудила да го усмери, (заедно со неговите четири браќа) кон сликарството и литературата. Уште како ученик покажувал интерес кон астрологијата и литературата. Пишувал кратки приказни во текот на студиите. По неуспехот на завршниот испит на Воената школа, Егзипери се запишува на школата за уметност. Тој не бил задоволен со студиите, па поканата да им се приклучи во воздушните сили ја примил со големо одушевување. Како и повеќето млади луѓе и Егзипери се барал себеси. Тој бил срамежлив, непокорлив, бунтовен, често го менувал своето расположение, понекогаш изгледал полн со енергија и живот, за одеднаш да се смени во воздржан, молчалив и лут, па потоа да потоне во размислување. Токму затоа оваа покана ја прифатил со големо олеснување и почувствувал дека го нашол неговиот вистински пат: авијацијата.
Тие што го знаеле Сент Егзипери, го опишале како човек кој во секоја прилика цртал деца на салфетки, на мени во ресторан, или на било какво парче хартија што ќе му се нашло при раце. Приказната за Малиот принц била среќна коинциденција. Еден ден, неговиот американски издавач го запрашал што црта. Одговорот бил едноставен и изненадувачки. “Ништо посебно, тоа е дете на моето срце”, одговорил Егзипери, едноставно и изненадено на прашањето. “Зошто не напишеш и приказна за ова дете?, – го прашал издавачот. Така Малиот Принц бил роден.