Златна палма за филмот „Крадци“ на јапонски режисер
— 21 мај, 2018Јапонскаа рама „Крадци“ (“Shoplifters”) на режисерот Хироказу Коре- Еда ја освои Златната палма на 71. Кански филмски фестивал.
Режисерот ја прифати наградата на јапонски јазик и ја посвети на целиот тим вклучен во филмот.
Надин Лабаки ја освои наградата од жирито, а пак Спајк Ли освои Гран при за „Црниот член на Кју-Клукс-Клан“.
Полскиот режисер Павел Павликовски ја доби наградата за најдобар режисер за филмот „Студена војна“, Марчело Фонте за најдобар актер во филмот „Догман“, а Самал Јисламова за најдобра актерка во „Ајка“.
Претседател на жирито коешто годинава одлучуваше за наградите беше австралиската актерка Кејт Блсншет, аедно со членовите актерките Кристин Стјуарт и Леа Сејду, американската писателка и режисерка Ејва ДуВернеј , пејачката и композиторка Каџа Нин од Бурунди, кинескиот актер Чанг Чен, канадскиот режисер Денис Вилнев, францускиот писател Роберт Гудигијан и рускиот режисер Андреј Звјагинцев.
Годинава во трката за Златна палма се најдоа 21 филм, а фестивалот беше затворен со филмот „Човекот кој го уби Дон Кихот“ на брианскиот режисер Тери Гилиам.