Култура

Има ли шанса отвореното општество во Македонија?

„Има ли отворено општество во Македонија“ е насловена конференцијата што се одржува денес и утре во Музејот на современата уметност во Скопје, оргнизирана во рамките на програмата за одбележување на 25-годишнината од основањето на фондацијата Отворено општество-Македонија (ФООМ). 

На отворањето се обрати претседателката  на Управниот одбор на ФООМ Маја Бојаџиевска и претседателот на Фондациите Отворено општество Патрик Гаспар, а на отворањето присуствуваше и премиерот на Владата на Р. Македонија, Зоран Заев. 

На конференцијата учествуваат и претставници на неколку невладини организации коишто ќе се обидат да одговорат на прашањата и да проговорат за проблемите што постојат во невладиниот граѓански сектор за тоа какво граѓанско општество и каков граѓански сектор ни треба, кко Македонија може да стане отворено општество,   преку следниве 

  • Предизвиците и можностите за ангажман на граѓанското општество по децениско делување на „заробена“ држава? Кои се можните пристапи за ефективен граѓански ангажман и за суштинско вклучување на граѓаните во креирањето политики? Кои се можните ефективни сојузништва за зголемено влијание врз властите? Можеме ли и како да се справиме со различниот национализам, ксенофобија, поделености и говор на омраза?

Утре, вторник, темата на конференцијата е „Транспарентни и отчетни институции – императив за одговорна власт“. Мит или реалност – транспарентни и отчетни институции во Македонија?

Фотографија: Филип Херин