Култура

„Боеми“ од Џакомо Пучини за старт на Мајските оперски вечери

Мајските оперски вечери, ќе се отворат утре 9 мај, со изведба на операта „Боеми“ од Џакомо Пучини. Годинава,  на своето 46 издание, на Мајските оперски вечери, Македонската опера и балет подготви програма за љубителите на уметноста под мотото #Го славиме Пучини, по повод 160-годишнината од раѓањето на овој безвременски мајстор на операта. Ќе бидат изведени делата „Боеми“, „Тоска“, „Турандот“, поддржани со гости солисти од целиот свет.

 Во официјалната програма на Мајски оперски вечери 2018 се нудат пет оперски изведби:„Боеми“,  н самото отварае,  „Тоска“  ќе биде изведена на 12 мај, „Турандот“ е на распоред на 19 мај, „Змејот од Босна“ е планирана на  22 мај и со „Аида“ ќе се заторат Мајските оперски вечери на 31 мај.  Планирани се и два гала концерта, „Балетски бисери“ на 15 мај и „Пучини и Росини“ на 23 мај.Во оф програмата се темастките изложби #retrOpera, ретроспективна изложба на Васе Урдин и „почетоци“, промоција на монографијата на Зина Креља и одбележување на јубилејот – 100 години од раѓање на Данка Фирфова.

Свеченото отворање на Мајските оперски вечери е во среда со почеток во 18 часот, по што следува официјалниот дел со премиерата на операта во четири чина „Боеми“ од Џакомо Пучини. Главните улоги ќе ги изведат Ѓорѓи Цуцковски и Благица Поп Томова. Изведбата ќе биде под диригентската палка на Џанлука Мартиненги од Италија, додека режисер е Дејан Прошев, сценограф Зоран Николовски, а костимограф е Марија Пупучевска.

Билетите за Мајските оперски вечери веќе се пуштени во продажба, а информации и резервации се приложени на официјалната интернет страница на МОБ.

Одделението за документација и историска архива подготви ретроспективна изложба по наслов #retrOperа која јавноста ќе има можност да ја види во период од 9 до 31 мај во фоајето на МОБ. Идејата е јавноста да може да ја види, осознае, запознае историјата на овој дом на операта и балетот, еволуцијата на идејата низ годините и улогата која ја игра и има театарот во заедницата.

Слични статии