Култура

Проекција и разговор со хрватскиот режисер Лордан Зафрановиќ

Во Кинотека на Македонија, утре, (5 април), со почеток во 19.30 часот ќе биде прикажан третиот дел од воената трилогија на познатиот хрватски режисер, Лордан Зафрановиќ, филмот „Вечерни ѕвона“.  (Окупација во 26 слики, Падот на Италија, Вечерни ѕвона). Главните улоги ги играат, Раде Шербеџија, Петар Божовиќ, Миодраг Кривокапиќ и Петре Прличко. Филмот е базиран на романот „Врата од утробата“ на Мирко Ковач – роман кој во 1978 година го добива најпрестижното литературно признание во Југославија – Наградата на НИН од критиката. 

Пред проекцијата на 5 април филмот, ќе се одржи разговор со Лордан Зафрановиќ, ќе го води проф. д-р Наум Пановски.

На 3 април беше прикажан филмот „Окупација во 26 слики“ , каде освен како режисер на овој филм, Зафрановиќ се потпишува и на сценариото заедно со Мирко Ковач, Филип Давид и Стипе Гурдулиќ.

Зафрановиќ остана трајно запамтен по филмовите Окупација во 26 слики, Падот на Итлија и добитник е на многу награди. Тој е еден од најзначајните југословенски режисери и заедно со Горан Марковиќ, Горан Паскаљевиќ, Срѓан Карановиќ, Рајко Грлиќ, а подоцна ќе им се придружи и Емир Кустурица, припадник е на таканаречената Прашка школа – движење што ги произведе можеби најдобрите југословенски филмови.

Слични статии