Култура

Македонска премиера на „Бикини Мун“ на Милчо Манчевски

„Бикини Мун“, првиот американски филм на македонскиот режисер Милчо Манчевски,  премиерно ќе биде прикажан в четврток во 20 часот во киното Милениум во Скопје. Пред премиерата, ќе биде прикажан петминутниот филм на Манчевски, „Крајот на времето“, а  од 22 часот , „Бикини Мун“ ќе игра на редовниот репертоар на киното. Главните улоги ги играат Кондола Рашад, Сара Голдберг, Вил Џеновиц, Сатја Сридхаран и Микал Мишел Харис.

„Бикини Мун“ е една современа трагедија и зборува за тоа како медиумите ја искривуваат вистината, рече Милчо Мачевски на прес конференцијата по повод премиерата на овој филм. Филмот зборува за една жена која била војник во Ирак и сега живее на улица во Њујорк како бездомник. Ќерката ѝ ја зеле , затоа што таа е ментално нестабилна. Нејзиниот поглед на стварноста е одлична порта во испитувањето на она што не интересира во овој филм, а тоа нашиот однос кон вистината и тоа како медиумите, во случајов, документарниот филм, ја менуваат вистината за која известуваат. Ова е еден по малку експериментален филм и како таков сум исклучително задоволен, рече режисерот Манчевски денеска на прес-конференција по повод премиерата на филмот кој е структуриран како филм во филм – лажен „синема верите“ документарец. рече Манчевски.

За кастингот, Манчевски рече дека бил долг процес кој траел неколку месеци и и низ кој поминале неколку стотини глумци, во неколку последователни селекции. Манчевски соработувал со Ејви Кауфман, кастинг директор на Спилберг.  После 6-7 кругови ја видовме Кондола. Улогата не беше напишана за црномуреста актерка, но затоа што Кондола беше најдобра, го адаптиравме сценариото. Таа глумела жена со ментален проблем на еден толку уверлив начин, што му било непријатно на Манчевски.

„Помислив дека навистина има проблем, така што би било не етички да ја ангажираме.  Инаку, Кондола е ѕвезда во огромен подем, има три номинации за бродвејскиот Оксар, рече Манчевски. 

На прашањето што повеќе сака, да пишува или да режира, Манчевски рече дека пишувањето го сака бидејќи тоа е апстрактна дејност и за него е повеќе креативна, додека режирањето е повеќе практична работа, „кога режираш имаш нешто конкретно“. 

Манчевски и на овој филм ја продолжува соработката со британски дизајнер на продукција Дејвид Манс, со кого се познаваат 25 години, од „Пред дождот“.

„Сакавме да се даде документарно чувство во креирањето на свет кој е вкоренет во реалноста, истовремено создавајќи ја таа реалност“, ни рече Манс.

Директор на фотографија е Џошуа З. Вајнстин, со кого Манчевски минатиот ноември снимил мал документарец и, вели режисерот, одлично ја завршил работата, имал брилијантна слика и решил да го ангажира за „Бикини Мун“.

 Македонци во екипата на „Бикини Мун“ се композиторот Игор Василев – Новоградска и дизајнерот на визуелни ефекти Мишо Ристов, со кои Манчевски соработува изминативе неколку години. За музиката Манчевски истакна дека немаат класична музика, туку таа доаа од радио, касетофон, музика која е прилагодена на документарниот елемент што го носии филмот. 

„Ефектите се повеќе скриени, тие се суптилни во филмот. Можеш да ги направиш идеални, никој да не ги примети, што за нас е одлично, како и во претходните 7-8 проекти, вели Ристов. Светската премиера на „Бикини Мун“ беше на фестивалот во Сао Пауло, Бразил, а американската на познатиот Синеквест фестивал во Сан Хозе, Калифорнија. Изминатиов период, „Бикини Мун“ почна да се прикажува на повеќе светски фестивали, а на 38. Меѓународен филмски фестивал Фантаспорто во Порто, Португалија, филмот ја освои специјалната награда од жирито.

Македонија е прва земја во регионот со редовна кино-дистрибуција, за што и самиот Манчевски  инсистирал оттука да почне прикажувањето на филмот. По Скопје следуваат фестивалите во Сарасота во Флорида, во Истанбул, Менхетен  во Њујорк, во Франкфурт и Нешвил во мај.

Слични статии