Почетна / Настани / Згасна животот на Зоран Маџиров (1968-2017)
Згасна животот на Зоран Маџиров (1968-2017)
— 10 мај, 2017
По седум месеци во кома, почина македонскиот музичар Зоран Маџиров, кој на 7 октомври 2016 доживеа тешка сообраќајна несреќа. Музичарот на почетокот на октомври минатата година беше тешко повреден во страотна сообраќајна незгода на магистралниот пат А-4 Штип – Радовиш во насока на движење кон Радовиш. . Во коматозна состојба, Маџиров бил префрлен на Карил во Скопје, каде лекарите се бореле за неговиот живот. Зоран Маџиров со својот автомобил се судрил при разминување со влекач „даф“. Неколку месеци беше во коматозна состојба, а лекраите се бореа за неговиот живот. Маџиров беше познат како „Bottleman“, музичар-волшебник кој свири на шишиња. Зоран Маџиров е роден на 14 јануари 1968 година во Струмица. Пораснал во музичкото семејство и првото знаење за џез-тапаните ги добил од својот татко. Потоа започнал да учи пијано, труби и удиралки. Заминува за Германија, каде што студиите по музика ги продолжил во Минхен и на Универзитетот во Келн. Маџиров настапувал на сите познати светски телевизии и медиуми, како Си-Ен-Ен, Фокс, Еј-Би-Си, АРД, Зе-Де-Еф, ТВ5, РАИ, а значајни се и неговите настапи на Олимписките игри во Барселона и Атланта, на Експо во Севиља и во Еуро Дизни во Париз.
Познатиот водител Лари Кинг прв го нарече – Ботлмен.
Полскиот кинематографер освои Лукаш Жал ја освои Златната Камера 300 за неговата спектакуларна камера која ја следи приказната во филмот „Татковина“ на Павел Павликовски, на 47. Фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола. На свеченото затворање на фестиваот, Жал преку видеопорака изрази жалење што поради работа на друг проект не е во можност да…
Со доделувањето на наградите Камера 300 во сите селекции вечерва свечено ќе биде затворено 47. ИФФК „Браќа Манаки“, а дебитантското остварување на режисерот Срѓан Јаниќијевиќ ќе ја има својата македонска премиера на затворањето на фестивалот вечерва во Битола. Нема да ви се верува што се случи претходно“ е политички трилер со елементи на црна комедија,…
Од 14-18 октомври, на неколку локации низ Скопје, во рамки на програмата, на 11.ИФФ Киненова ќе бидат претставени близу 40 филмски наслови поделени во 7 програмски целини. Со својот автентичен и единствен фестивалски формат, Киненова ги надминува границите што означуваат територии и континенти и останува посветена на промоција на уникатниот и свеж авторски израз, трагајќи…
На годинешното 47 издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера, „Браќа Манаки“, ќе се одржи од 19 до 25 септември во Битола, премиерно ќе бидат прикажани два домашни филма, едниот на отворањето и вториот на затворањето на фестивалот. Филмот СКЕЈТАЊЕТО НЕ Е ЗА ДЕВОЈЧИЊА на режисерката Дина Дума и кинематограферот Фредерик Нуаром ќе биде прикажан…
Долгометражниот игран филм „17″, во режија на Косара Митиќ и во продукција на „Црна Мачка Продукција”, е избран за македонски кандидат за наградата Оскар, во категоријата најдобар меѓународен долгометражен филм. Одлуката ја донесе Комисијата за избор на национален кандидат за Оскар при Друштвото на филмските работници на Македонија, чиј состав е прифатен и одобрен од…
Оваа година КРИК – фестивал за критичка култура ќе биде домаќин на најзначајниот, напровокативниот и актуелен филозоф на 21 век, Мартин Хеглунд. На 29 јуни во понеделник, во 20:00 часот, во Музеј на современа уметност, овој познат филозоф ќе одржи предавање со наслов: „Овој живот – критика и еманципација“, кое се заснова на неговите тези…
Во организација на Министерството за култура и туризам, вчера, во Музејот на македонската борба за самостојност се одржа јавна расправа по Предлог-текстот на Националната стратегија за развој на културата за периодот 2026–2030 година, на која министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, ја истакна важноста на културата како двигател на општествениот, економскиот и демократскиот развој…
Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Катедрата за графика и трансмедиумски практики и Фондацијата „Драгутин Аврамовски-Гуте“, во Сули Ан во 19:30 часот, по 39 пат ја организираат изложбата СТУДЕНТСКА ГРАФИКА – ДРАГУТИН АВРАМОВСКИ – ГУТЕ. На отворањето на изложбата ќе биде доделена наградата за најуспешно графичко дело реализирано во…